Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 12:1-28

12  И пак ми дојде Јеховината реч:  „Сине човечки, ти живееш среде бунтовнички дом,+ кој има очи да гледа, но не гледа,+ и има уши да слуша, но не слуша,+ бидејќи е бунтовнички дом.+  Затоа, сине човечки, подготви бовча за во изгнанство и појди дење во изгнанство пред нивни очи, појди во изгнанство од своето место на друго место пред нивни очи! Можеби ќе сфатат што значи тоа, иако се бунтовнички дом.+  Изнеси ги дење своите работи во бовча за во изгнанство пред нивни очи и појди навечер пред нивни очи како што поаѓаат оние што ги водат во изгнанство.+  Прокопај го ѕидот пред нивни очи и изнеси ги работите низ него.+  Понеси ја бовчата на рамо пред нивни очи. Изнеси ги работите по мрак. Покриј си го лицето за да не ја видиш земјата, бидејќи те поставив да бидеш знак+ за домот на Израел“.+  И направив така како што ми беше заповедано.+ Ги изнесов дење своите работи, бовчата за во изгнанство, а вечерта го прокопав ѕидот со рацете. Ги изнесов работите во мракот. Бовчата ја носев на рамо, пред нивни очи.  Изутрината повторно ми дојде Јеховината реч:  „Сине човечки, не те прашува ли домот Израелов, бунтовничкиот дом:+ ‚Што правиш?‘ 10  Речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Оваа објава се однесува на поглаварот,+ ова е објава против Ерусалим и против целиот Израелов дом што е таму“ ‘. 11  Речи: ‚Јас сум ви знак.+ Како што направив јас, така ќе им биде направено ним. Ќе заминат во изгнанство, во заробеништво.+ 12  А поглаварот што е меѓу нив, во мрак ќе ја понесе бовчата на рамо и ќе ја изнесе. Тие ќе го прокопаат ѕидот за да ги изнесат работите низ него.+ Тој ќе си го покрие лицето за да не ја види земјата со своите очи‘. 13  А јас ќе ја распнам својата мрежа над него, и тој ќе се фати во мојата ловечка мрежа.+ И ќе го одведам во Вавилон, во халдејската земја,+ но тој нема да ја види. И таму ќе умре.+ 14  Сите околу него што му помагаат и сите негови чети ќе ги разнесам на сите страни,*+ и ќе го испратам својот меч по нив.+ 15  И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова, кога ќе ги расфрлам меѓу народите и кога ќе ги расеам низ земјите.+ 16  Сепак, ќе им оставам неколку луѓе што ќе им избегаат на мечот,+ на гладот и на поморот, за да раскажуваат за сите свои гадости+ меѓу народите кај кои ќе дојдат.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова“. 17  И повторно ми дојде Јеховината реч: 18  „Сине човечки, јади го својот леб во страв, во немир и во мака пиј ја својата вода!+ 19  И речи му на народот:* ‚Вака им вели Севишниот Господар Јехова на жителите на Ерусалим во земјата на Израел:+ „Во мака ќе го јадат својот леб, со страв ќе ја пијат својата вода, и ќе опусти земјата и ќе исчезне сѐ што е на неа+ поради насилството на сите нејзини жители.+ 20  Населените градови ќе бидат опустошени,+ целата земја ќе стане пустош.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова“ ‘ “.+ 21  И пак ми дојде Јеховината реч: 22  „Сине човечки, каква е таа поговорка што ја имате во израелската земја?+ Зашто, велите: ‚Деновите си врват,+ а ниту едно од виденијата не се обистинува‘.+ 23  Затоа речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ќе ѝ ставам крај на таа поговорка, и таа нема повеќе да се кажува во Израел“ ‘.+ Речи им: ‚Наближуваат деновите+ и сето она за кое зборуваат виденијата‘. 24  Нема повеќе да има безвредни виденија,+ ниту лицемерни гатања во домот на Израел.+ 25  ‚„Зашто јас, Јехова, ќе кажам збор, и тој ќе се обистини.+ Нема повеќе да има одложување,+ зашто во ваши денови,+ бунтовнички доме, ќе кажам збор и ќе го извршам“, вели Севишниот Господар Јехова‘ “. 26  И пак ми дојде Јеховината реч: 27  „Сине човечки, еве, домот на Израел вели: ‚Видението што го гледа тој е за далечни денови, тој пророкува за далечни времиња‘.+ 28  Затоа речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „ ,Нема повеќе да се одложува ниту еден мој збор.+ Ќе се изврши зборот што го кажувам‘,+ вели Севишниот Господар Јехова“ ‘ “.+

Фусноти

Буквално: „во сите ветрови“. Види ја фуснотата за Ере 49:32.
Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец). Види ја фуснотата за Езе 7:27.