Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 11:1-25

11  И духот+ ме подигна+ и ме доведе до источната порта на Јеховиниот дом, која е свртена кон исток.+ И гледај, на таа порта имаше дваесет и пет мажи,+ а меѓу нив ги видов Јазанија, синот на Азур, и Фелатија, синот на Венај, народни кнезови.+  Тогаш Бог ми рече: „Сине човечки, тоа се луѓето што смислуваат зло и лошо го советуваат овој град,+  и велат: ‚Зарем не доаѓа време да градиме куќи?+ Овој град е котел,+ а ние сме месо‘.*  Затоа, пророкувај против нив! Пророкувај, сине човечки!“+  Тогаш врз мене се спушти духот на Јехова,+ и Бог ми рече: „Кажи им: ‚Вака вели Јехова:+ „Добро рековте, доме Израелов. Знам јас што ви доаѓа на ум.*+  Убивте мнозина во овој град, ги наполнивте неговите улици со убиени“ ‘ “.+  „Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Оние што ги убивте и ги расфрлавте по градот, тие се месото,+ а градот е котелот.+ Вие ќе бидете изведени од него‘.“+  „ ,Се плашите од меч,+ а јас ќе испратам меч против вас‘, вели Севишниот Господар Јехова.+  ‚И ќе ве изведам од градот и ќе ве предадам во рацете на туѓинци+ и ќе извршам праведна пресуда над вас.+ 10  Од меч ќе паднете.+ Ќе ви пресудам на границата на Израел,+ и тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова.+ 11  Овој град повеќе нема да ви биде котел+ и вие нема да бидете месо во него. Ќе ви пресудам на границата на Израел, 12  и тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова, бидејќи не живеевте* според моите уредби и не постапувавте според моите закони,+ туку постапувавте според законите на народите што се околу вас.‘ “+ 13  И штом завршив со пророкувањето, умре Фелатија, синот на Венај,+ а јас паднав ничкум и викнав на сет глас:+ „Леле, Севишен Господару Јехова!+ Зарем ќе го истребиш остатокот на Израел?“+ 14  И повторно ми дојде Јеховината реч: 15  „На твоите браќа,+ сине човечки, на твоите браќа, на луѓето што се интересираат за твоето право на откуп, и на сиот Израелов дом, на сиот негов дом, жителите на Ерусалим им велат: ‚Одете далеку од Јехова! Ова е наше, нам ни е дадена земјата да ја поседуваме‘.+ 16  Затоа речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Иако ги протерав далеку меѓу народите и ги расеав низ земјите,+ кратко време ќе им бидам светилиште во земјите во кои отидоа“ ‘.+ 17  Речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ќе ве соберам од сите народи и ќе ве соберам од сите земји низ кои сте расеани, и ќе ви ја дадам земјата на Израел.+ 18  Мојот народ ќе дојде таму и ќе ги отстрани од неа сите нејзини гнасотии и сите нејзини гадости.+ 19  И ќе им дадам едно срце+ и ќе ставам во нив нов дух.+ Од нивните тела ќе го извадам каменото срце+ и ќе им дадам меко срце,+ 20  за да живеат* според моите одредби и да се држат за моите закони и да ги извршуваат+ и да бидат мој народ,+ и јас да бидам нивни Бог“ ‘.+ 21  ‚„А на оние чие срце потонало* во нивните гнасотии и во нивните гадости,+ ќе им ги фрлам нивните дела врз нивна глава“, вели Севишниот Господар Јехова‘ “.+ 22  Тогаш херувимите+ ги подигнаа крилјата, и тркалата тргнаа покрај нив,+ а славата+ на Израеловиот Бог беше над нив.+ 23  И Јеховината слава+ се крена од градот и застана над планината+ источно од градот.+ 24  А мене духот,+ во видението што го добив преку Божјиот дух, ме подигна+ и ме врати кај изгнаниците во Халдеја.+ Тогаш исчезна видението што го видов. 25  Тогаш им раскажав на изгнаниците сѐ што ми покажа Јехова.+

Фусноти

Односно: „месо што е заштитено во котел“.
Или: „Ги знам јас мислите на вашиот дух“.
Буквално: „одевте“.
Буквално: „одат“.
Буквално: „чие срце оди“.