Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Евреите 8:1-13

8  А во ова излагање главното е ова: имаме таков првосвештеник,+ кој седна од десната страна на престолот на Величеството на небесата.+  Тој е слуга кој за луѓето служи* на светото место+ и во вистинскиот шатор што го подигна Јехова,+ а не човек.+  Зашто, секој првосвештеник се поставува за да принесува дарови и жртви.+ Затоа беше потребно и тој да има што да принесе.+  А да е на земјата, не би бил свештеник,+ бидејќи веќе постојат оние што принесуваат дарови според Законот,  но тие му служат на Бог* на место кое е слика+ и сенка+ на она небесното, како што на Мојсеј, кога требаше да направи шатор,+ му беше дадена заповед од Бог,+ кој рече: „Гледај да направиш сѐ според образецот што ти беше покажан на планината“.+  Но сега Исус доби служба која е повозвишена од поранешната, па стана посредник+ на сојузот што исто така е подобар од оној претходниот, на сојузот+ кој е законски втемелен врз подобри ветувања.+  Зашто, да беше без недостаток оној првиот сојуз, немаше да биде потребен вториот.+  А Бог, укорувајќи го народот, вели: „,Еве, доаѓаат денови‘, вели Јехова, ‚кога ќе склучам нов сојуз со домот на Израел и со домот на Јуда,+  не според оној сојуз+ што го склучив со нивните татковци во денот кога ги зедов за рака за да ги изведам од египетската земја,+ зашто тие не останаа во мојот сојуз,+ па повеќе не се грижев за нив‘, вели Јехова.+ 10  ‚Зашто, ова е сојузот што ќе го склучам со домот на Израел по тие денови,‘ вели Јехова. ‚Ќе ги ставам своите закони во нивниот ум и ќе ги запишам во нивните срца.+ И јас ќе им бидам Бог,+ а тие ќе бидат мој народ.+ 11  И нема повеќе никој да го учи својот сограѓанин, ниту својот брат, велејќи: „Запознај го Јехова!“+ Зашто, ќе ме познаваат сите,+ од најмал до најголем. 12  Зашто, ќе бидам милостив спрема нивните неправедни дела, и повеќе нема да се присетувам+ на нивните гревови‘ “.+ 13  Кога вели „нов сојуз“, оној претходниот го направи застарен.+ А она што е застарено и што старее, близу е до исчезнување.+

Фусноти

Или: „врши јавна служба“.
Или: „вршат света служба“.