Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Евреите 7:1-28

7  Зашто, Мелхиседек, царот на Салим, свештеник на Севишниот Бог,+ кој му излезе во пресрет на Авраам, кога се враќаше откако ги порази царевите, и го благослови,+  и кому Авраам му оддели десеттина од сѐ,+ најпрво е „цар на праведноста“ (што е превод на неговото име), а потоа и цар на Салим,+ односно „цар на мирот“.  Поради тоа што е без татко, без мајка, без родословие и нема ни почеток на неговите денови+ ни крај на неговиот живот, туку е направен сличен на Синот Божји,+ тој останува свештеник засекогаш.+  Гледајте, тогаш, колку голем беше тој човек кому прататкото* Авраам му даде десеттина од најдобриот плен.+  Вистина, оние Левиеви синови,+ кои примаат свештеничка служба, имаат заповед според Законот да собираат десеттини+ од народот,+ односно од своите браќа, иако и тие потекнуваат од Авраам.*+  Но Мелхиседек, кој не беше од нивната лоза,+ зеде десеттини од Авраам+ и го благослови него, кој ги доби ветувањата.+  А нема сомнение дека помалиот прима благослов од поголемиот.+  И овде примаат десеттини+ смртни луѓе, а таму оној за кого се сведочи дека живее.+  И може да се рече дека и Леви, кој прима десеттини, преку Авраам плати десеттини, 10  бидејќи сѐ уште не му беше роден на својот прататко Авраам*+ кога Мелхиседек му излезе во пресрет.+ 11  Значи, да се постигнеше совршенството+ преку свештеничката служба на синовите на Леви+ — како истакнато обележје на Законот даден на народот+ — зошто би било потребно+ да се појави некој друг свештеник за кого се вели дека е сличен на Мелхиседек,+ а не сличен на Арон? 12  А бидејќи се менува свештеничката служба,+ мора да се промени и законот.+ 13  А оној за кого се кажува ова, му припаѓаше на друго племе,+ од кое никој не служеше кај жртвеникот.+ 14  Зашто, јасно е дека нашиот Господар* потекна од Јуда,+ од племе за кое Мојсеј ништо не рече кога зборуваше за свештениците. 15  И уште појасно ни е дека се поставува друг свештеник+ — сличен на Мелхиседек+ 16  кој не стана таков според заповедите на законот, кои се однесуваа на она што е телесно,+ туку според силата која дава неуништлив живот,+ 17  бидејќи е посведочено: „Ти си засекогаш свештеник сличен на Мелхиседек“.+ 18  Значи, претходната заповед се укинува поради нејзината слабост+ и бескорисност.+ 19  Зашто, Законот ништо не направи совршено,+ туку тоа го стори подобрата надеж+ воведена наместо него, преку која му се приближуваме на Бог.+ 20  Затоа што тоа не се случи без заклетва — 21  бидејќи тие, навистина, без заклетва станале свештеници, но тој стана преку заклетвата на оној што му рече: „Јехова се заколна,+ и нема да жали: ‚Ти си засекогаш свештеник‘ “+ 22  Исус стана гаранција за подобар сојуз.+ 23  Освен тоа, мнозина мораа да преземат свештеничка служба+ зашто смртта ги спречуваше+ свештениците трајно да останат во таа служба, 24  но неговата свештеничка служба, поради тоа што тој живее засекогаш,+ никој нема да ја преземе. 25  Затоа и може во потполност да ги спаси оние што преку него му пристапуваат на Бог, бидејќи секогаш е жив за да се зазема за нив.+ 26  Таков првосвештеник ни беше потребен:+ лојален,+ незлоблив,+ неизвалкан,+ одвоен од грешниците+ и повозвишен од небесата.+ 27  Тој не треба секојдневно,+ како оние првосвештеници, да принесува жртви — најпрво за своите гревови,+ а потоа за гревовите на народот+ — зашто тоа го стори еднаш+ засекогаш кога се принесе самиот себе.+ 28  Имено, Законот поставува за првосвештеници+ луѓе кои имаат слабости,+ а речта на заклетвата,+ која е дадена по Законот, поставува Син, кој е засекогаш направен совршен.*+

Фусноти

Или: „главата на семејството“. Буквално: „патријархот“.
Буквално: „иако и тие излегоа од бедрата на Авраам“.
Буквално: „зашто уште беше во бедрата на својот татко“.
Види го додатокот 11.
Или: „овластен за службата; воведен во службата“. Види ја фуснотата за Ев 5:9.