Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Евреите 2:1-18

2  Затоа треба да му обрнеме посебно внимание на она што сме го чуле,+ за да не бидеме одвлечени од верата.+  Зашто, ако речта изговорена преку ангелите+ беше цврста, па секој престап и чин на непослушност беше праведно казнет,+  како ќе избегаме ние+ ако занемариме+ толку големо спасение,+ кое почна да го проповеда нашиот Господар*+ и кое ни го потврдија оние што го чуја како зборува,+  а за кое и Бог посведочи со чудесни знаци, со предзнаци, со разни моќни дела*+ и со делење на светиот дух+ по своја волја?+  Зашто, не им го подложи на ангелите идниот свет*+ за кој зборуваме.  А некој некаде посведочил: „Што е човекот, па да мислиш на него,+ или синот човечки, па да се грижиш за него?+  Си го направил малку понизок од ангелите, си го овенчал со слава и чест+ и си го поставил над делата на своите раце.+  Сѐ си му подложил под нозете“.+ Со тоа што му подложи сѐ,+ Бог не остави ништо што не му е подложено.+ Но сега уште не гледаме дека сѐ му е подложено,+  ама го гледаме Исус, кој беше направен малку понизок од ангелите,+ овенчан со слава+ и чест бидејќи претрпе смрт,+ за со тоа, преку Божјата незаслужена доброта, да ја вкуси смртта за секого.+ 10  Зашто, му прилегаше на оној, заради кого е сѐ+ и преку кого е сѐ, доведувајќи многу синови во слава,+ преку страдања+ да го направи совршен Главниот Застапник+ на нивното спасение. 11  Зашто, и оној што посветува и оние кои тој ги посветува+ — сите се од еден татко.+ Затоа тој не се срами да ги нарекува „браќа“,+ 12  кога вели: „Ќе им го објавувам твоето име на своите браќа, ќе те фалам со песна среде насобраното мноштво“.*+ 13  И уште: „Јас ќе се надевам на него“.+ И уште: „Еве, јас и децата што ми ги даде Јехова“.+ 14  А бидејќи тие „деца“ се луѓе од крв и месо, и тој стана човек од крв и месо,+ за преку својата смрт+ да го уништи+ оној што ја има моќта да предизвикува смрт,+ односно Ѓаволот,+ 15  и да ги ослободи+ сите кои поради страв од смрт+ целиот живот биле подложени на робување.+ 16  Зашто, тој сигурно не им помага на ангелите, туку му помага на Авраамовото потомство.+ 17  Затоа мораше во сѐ да стане како своите „браќа“,+ за да биде милосрден и верен како првосвештеник во Божјата служба,+ за да принесе жртва помирница+ за гревовите на народот.+ 18  А бидејќи и самиот страдаше кога беше искушуван,+ тој може да им дојде на помош на оние што се во искушенија.+

Фусноти

Види го додатокот 11.
Или: „со разни чуда“.
Буквално: „населена земја“.
„Насобраното мноштво“ — буквално „еклезија“ (грчки: еклиси́а). Спореди ја фуснотата за Мт 16:18.