Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Евреите 13:1-25

13  Братската љубов и понатаму нека владее меѓу вас.+  Не заборавајте ја гостољубивоста+ зашто некои, покажувајќи ја, без да знаат нагостија ангели.+  Мислете на оние што се во окови+ како да сте и вие со нив оковани,+ и на оние што се малтретирани,+ зашто и самите уште сте во тело.  Бракот нека биде чесен меѓу сите и брачната постела нека биде чиста,+ зашто Бог ќе им суди на блудниците и на прељубниците.+  Во вашиот живот нека нема љубов кон парите,+ туку бидете задоволни+ со она што го имате.+ Зашто, тој рекол: „Никогаш нема да те оставам и никогаш нема да те напуштам“.+  Затоа, исполнети со храброст,+ можеме да речеме: „Јехова е мојот помошник, нема да се плашам. Што може да ми направи човек?“+  Сеќавајте се на оние што ве предводат,+ кои ви ја зборуваа Божјата реч. Набљудувајќи го исходот од нивниот начин на живот, угледајте се на*+ нивната вера.+  Исус Христос е истиот вчера, и денес, и засекогаш.+  Не дозволувајте да ве заведат разни туѓи учења.+ Зашто, добро е срцето да се зацврсти со Божјата незаслужена доброта,+ а не со јадења,+ кои не им користат на оние што се занимаваат со нив. 10  Имаме жртвеник од кој немаат право да јадат оние што служат* во шаторот.+ 11  Зашто, телата на тие животни, чија крв првосвештеникот ја внесува во светото место за да се исчистат гревовите, се запалуваат надвор од логорот.+ 12  Затоа и Исус, за да го посвети+ народот со својата крв,+ страдаше надвор од градските порти.+ 13  Затоа, да излеземе кај него надвор од логорот, носејќи го срамот што го носеше тој,+ 14  зашто овде немаме град кој ќе остане,+ туку желно го чекаме оној што ќе дојде.+ 15  Преку Исус секогаш му принесуваме на Бог жртва на фалба,+ односно плод на усните+ кои го објавуваат неговото име.+ 16  И не заборавајте да правите добро+ и да делите со другите, зашто со таквите жртви му се угодува на Бог.+ 17  Бидете им послушни на оние што ве предводат+ и бидете им подложни+ — зашто тие бдеат над вашите души како оние што ќе положат сметка за тоа+ — за да го прават со радост, а не со воздишки, зашто тоа вам би ви било на штета.+ 18  Молете се за нас,+ зашто сме уверени дека имаме чиста* совест, бидејќи сакаме во сѐ да постапуваме чесно.+ 19  Сесрдно ве молам да го правите тоа за да ви се вратам што поскоро.+ 20  А Богот на мирот,+ кој го изведе+ од мртвите големиот пастир+ на овците,+ нашиот Господар* Исус, кој ја имаше крвта на вечниот сојуз,+ 21  нека ве опреми со секое добро, за да ја вршите неговата волја, и преку Исус Христос нека го прави во нас она што му е благоугодно.+ Нему нека му е слава во сета вечност!+ Амин.* 22  А ве молам, браќа, да го прифатите овој збор на охрабрување, зашто ви напишав кратко писмо.+ 23  Знајте дека е ослободен нашиот брат Тимотеј.+ Ако дојде наскоро, ќе ве посетам заедно со него. 24  Поздравете ги сите што ве предводат+ и сите свети. Ве поздравуваат оние од Италија.+ 25  Незаслужената доброта+ нека биде со сите вас.

Фусноти

Или: „имитирајте ја“.
Или: „вршат света служба“.
Или: „чесна“.
Види го додатокот 11.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.