Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Евреите 12:1-29

12  Значи, бидејќи сме опколени од толку голем облак од сведоци,+ да го симнеме и ние секој товар+ и гревот, кој лесно може да нѐ намами во замка,+ и со истрајност+ да ја трчаме трката+ што е пред нас.+  Тогаш, да го впериме погледот во Главниот Застапник+ и Усовршител на нашата вера,+ Исус. Поради радоста што стоеше пред него, претрпе маченички столб,*+ не мислејќи на срамот, и седна од десната страна на Божјиот престол.+  Значи, добро погледнете го оној што поднесе такво противење од устата+ на оние што грешеа против себе, за да не се уморите и душите да не ви папсаат.+  Во борбата против тој грев уште не моравте да ја пролеете својата крв+  и го заборавивте советот што ви е упатен како на синови:+ „Сине мој, не омаловажувај го укорот* од Јехова и не губи сила кога тој те опоменува,+  зашто кого Јехова го сака, него и го укорува, го тепа секого кого го признава за син“.+  Вие трпите заради вашето воспитување.+ Бог со вас постапува како со синови.+ А кој татко не го укорува својот син?+  Но, ако не го примате укорот, кој сите го примаат, тогаш сте незаконски деца,+ а не синови.  Освен тоа, нашите телесни татковци нѐ укоруваа+ и ние ги почитувавме. Зарем нема уште поспремно да му се подложиме на Таткото на нашиот духовен живот, и така да живееме?+ 10  Всушност, тие нѐ укоруваа само кратко време, онака како што мислеа дека е добро,+ а тој го прави тоа за наша корист, за да имаме удел во неговата светост.+ 11  Се разбира, ниту едно укорување на почетокот не причинува радост, туку жалост,+ но на оние што преку него се поучени, подоцна им донесува плод полн со мир+ — праведност.+ 12  Затоа исправете ги премалените раце+ и ослабените колена+ 13  и израмнете ги патеките по кои одат вашите нозе,+ за да не се шине куцото, туку напротив, да оздрави.+ 14  Тежнејте кон мир со сите+ и кон посветување+ без кое никој нема да го види Господарот,*+ 15   и гледајте никој да не остане без Божјата незаслужена доброта+ и да не изникне некаков отровен корен,+ кој би предизвикал штета и со кој мнозина би се извалкале,+ 16  за да не стане некој блудник или човек кој не го цени она што е свето, како Исав,+ кој за едно јадење се одрече од правата што ги имаше како првороден.+ 17  А знаете дека и потоа, кога сакаше да го наследи благословот,+ беше отфрлен,+ бидејќи не најде можност да ја промени татковата одлука,+ иако со солзи го бараше тоа.+ 18  Зашто, не ѝ пристапивте на опипливата планина+ која пламти во оган,+ ниту на темниот облак, на густата темнина и на виорот,+ 19  ниту на одекнувањето на трубата+ и на звукот на зборовите.+ Кога го чу тој глас, народот молеше повеќе да не им се зборува.+ 20  Зашто, ги уплаши заповедта: „Ако некое животно ја допре планината, да биде затрупано со камења!“+ 21  А глетката беше толку страшна што Мојсеј рече: „Страв ми е и треперам“.+ 22  А вие, напротив, им се приближивте на планината Сион+ и на градот+ на живиот Бог, небесниот Ерусалим,+ и на десетици илјади ангели,+ 23  на сеопштиот собир+ и на собранието од првородените,+ кои се запишани+ на небесата, и на Бог, кој е Судија на сите,+ и на духовниот живот+ на праведниците, кои се направени совршени,+ 24  и на Исус, посредникот+ на новиот сојуз,+ и на крвта на попрскувањето,+ која зборува подобро од крвта на Авел.+ 25  Внимавајте да не му бидете непослушни на оној што зборува.+ Зашто, ако не избегаа оние што му беа непослушни на оној кој на земјата го пренесе Божјето предупредување,+ уште помалку ќе избегаме ние ако се одвратиме од оној што зборува од небесата.+ 26  Тогаш неговиот глас ја потресе земјата,+ а сега тој ветува: „Уште еднаш ќе направам метеж не само на земјата туку и на небото“.+ 27  А зборовите „уште еднаш“ значат дека ќе биде отстрането она што може да се потресе, односно она што не го направил Бог,+ за да може да остане она што не може да се потресе.+ 28  И така, бидејќи треба да добиеме царство кое не може да се затресе,+ да останеме достојни на Божјата незаслужена доброта, преку која можеме да му служиме* на Бог така како што е по негова волја, со страв и со страхопочит.+  29  Зашто, нашиот Бог е и оган што голта.+

Фусноти

Види го додатокот 8.
Изразот „укор(ува)“ во стиховите 5⁠-11. и со „воспитување“ во 7. стих, е превод на истиот грчки израз кој има многу широко значење и може, во зависност од контекстот, да се преведе со поимите: „воспитување, образование, поука, опомена, укор, казна, стега, зауздување“. Види ја и фуснотата за Из 1:2.
Види го додатокот 11.
Или: „вршиме света служба“.