Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Евреите 10:1-39

10  Со оглед на тоа што во Законот наоѓаме само сенка+ на идните благослови, а не самите благослови, свештениците не можат никогаш со истите жртви, кои ги принесуваат непрестајно од година во година, да ги направат совршени+ луѓето кои му пристапуваат на Бог.  Зарем, во спротивно, не би престанало принесувањето на жртвите, бидејќи оние што му ги принесуваат на Бог* би биле исчистени еднаш засекогаш и повеќе не би имале свест за гревовите?*+  Но со тие жртви од година во година се потсетува на гревовите,+  бидејќи крвта на јунци и јарци не може да ги однесе гревовите.+  Затоа, влегувајќи во светот, тој вели: „,Жртва и принос не сакаше,+ туку ми подготви тело.+  Не ти беа по волја жртвите паленици и жртвите за грев‘.+  Тогаш реков: ‚Еве, дојдов — во свитокот на книгата е напишано за мене+ — да ја вршам твојата волја, Боже‘ “.+  Најпрво вели: „Не ги сакаше и не ти беа по волја жртвите и приносите и палениците и жртвите за грев“+ — жртви кои се принесуваат според Законот.+  А потоа вели: „Еве, дојдов да ја вршам твојата волја“.+ Тој го укинува првото за да го воспостави второто.+ 10  Според таа „волја“+ сме посветени+ со принесувањето+ на телото на Исус Христос еднаш засекогаш.+ 11  Секој свештеник од ден на ден+ доаѓа на своето место+ за да ја врши службата и многупати да ги принесува истите жртви, бидејќи тие никогаш не можат да ги однесат гревовите.+ 12  А овој за сите времиња принесе една жртва за гревови+ и седна од десната страна на Бог,+ 13  па оттогаш чека неговите непријатели да бидат положени како подножје за неговите нозе.+ 14  Зашто, со еден жртвен принос+ ги направи засекогаш совршени+ оние што се посветуваат. 15  А и светиот дух ни сведочи,+ зашто вели: 16  „,Ова е сојузот што ќе го склучам со нив по тие денови‘, вели Јехова. ‚Ќе ги ставам моите закони во нивните срца и ќе ги запишам во нивниот ум‘ “.+ 17  А потоа вели: „И повеќе нема да се присетувам на нивните гревови и беззакони дела“.+ 18  А каде што се простени гревовите,+ повеќе нема жртви за грев.+ 19  Значи, браќа, бидејќи имаме потполна доверба дека можеме да влеземе+ во светото место+ преку крвта на Исус — 20  по нов и жив пат, кој го отвори за нас преку завесата,+ односно преку своето тело+ 21  и бидејќи имаме голем свештеник поставен над домот Божји,+ 22  да пристапиме со искрено срце, полни со сигурност и вера, бидејќи срцата со попрскување ни се очистени од нечиста совест,+ а телата измиени со чиста вода.+ 23  Истрајно и непоколебливо+ да ја објавуваме нашата надеж,+ зашто е верен+ оној што го дал ветувањето. 24  И да размислуваме еден за друг за да се поттикнуваме+ кон љубов и кон добри дела,+ 25  и да не ги пропуштаме нашите состаноци,+ како што некои имаат обичај, туку да се храбриме+ еден со друг, толку повеќе колку што гледате дека се приближува денот.+ 26  Зашто, ако намерно грешиме,+ откако добро ја запознавме* вистината,+ повеќе не ни преостанува жртва за гревови,+ 27  туку страшно очекување на судот+ и на распламтениот гнев, кој ќе ги проголта противниците.+ 28  Кој го отфрла Мојсеевиот закон, умира без милост, на темел на изјавата од двајца или тројца сведоци.+ 29  Замислете само колку потешка казна+ ќе заслужи оној што го погазил Синот Божји+ и смета дека крвта на сојузот,+ со која е посветен, нема никаква посебна вредност и го навредува духот+ на незаслужената доброта! 30  Зашто, ние го знаеме оној што рече: „Моја е одмаздата, јас ќе возвратам“,+ и уште: „Јехова ќе му суди на својот народ“.+ 31  Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог.+ 32  А сеќавајте се на поранешните денови кога, откако бевте просветлени,+ издржавте голема борба и страдање.+ 33  Понекогаш сами бевте јавно изложени*+ на исмејувања и неволји, а понекогаш бевте и со оние со кои така се постапувало.+ 34  Зашто, сочувствувавте со оние што беа во затвор и со радост го поднесовте одземањето на вашиот имот,+ знаејќи дека имате подобар и траен посед.+ 35  Според тоа, немојте да престанете да зборувате слободно,+ бидејќи тоа носи голема награда.+ 36  Зашто, истрајноста ви е потребна+ за, извршувајќи ја Божјата волја,+ да го примите она што е ветено.+ 37  Зашто, уште „само малку“,+ и ќе стигне „оној што доаѓа и нема да одолговлекува“.+ 38  „А мојот праведник ќе живее поради верата“,+ но „ако се повлече, не е по волја на мојата душа“.+ 39  А ние не сме од оние што се повлекуваат, па одат во пропаст,+ туку од оние што веруваат и си го спасуваат животот.*+

Фусноти

Или: „оние што вршат света служба“.
Или: „повеќе не би ги мачела совеста поради гревовите“.
„Добро ја запознавме“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.
Буквално: „бевте изложени како во театар“.
Буквално: „душата“.