Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Евреите 1:1-14

1  Бог, кој во минатото многу пати и на многу начини им зборуваше+ на нашите прататковци преку своите пророци,+  во овие последни денови+ ни се обрати нам преку Синот,+ кого го постави за наследник на сѐ,+ и преку кого го направи+ целиот свет.*  Тој е одраз на неговата слава+ и точна слика на неговото битие,+ и поддржува сѐ преку моќната реч.+ Откако нѐ исчисти од гревовите,+ седна од десната страна+ на Величеството на висините.+  И стана толку поголем од ангелите+ колку што името што го наследи+ е повозвишено од нивните имиња.  Зашто, кому од ангелите Бог некогаш му рекол: „Ти си мој син, јас денес ти станав татко“?+ И уште: „Јас ќе му бидам татко, а тој ќе ми биде син“?+  А за времето кога повторно го воведува својот Првороден+ во светот* вели: „Нека му се поклонат+ сите Божји ангели“.+  За ангелите вели: „Своите ангели ги прави духови, а своите слуги* оган пламенен“.+  А за Синот вели: „Бог е твојот престол во сета вечност,+ и жезолот на твоето царство+ е жезол на справедливоста.+  Ја сакаше праведноста и го мразеше беззаконието. Затоа Бог, твојот Бог, те помаза+ со маслото на радоста повеќе отколку твоите другари“.*+ 10  И уште: „Ти, Господару, во почетокот ги положи темелите на земјата, и небесата се дело на твоите раце.+ 11  Тие ќе исчезнат, а ти ќе останеш. И како алишта,+ сето тоа ќе остари, 12  и ти ќе ги свиткаш како наметка,+ како облека, и ќе бидат заменети. А ти си истиот, и на твоите години им нема крај“.+ 13  А за кого од ангелите некогаш рекол: „Седи од мојата десна страна додека не ги положам твоите непријатели како подножје на твоите нозе“?+ 14  Зарем сите тие не се духови+ чија должност е да служат+ и кои се испратени да им служат на оние што ќе наследат+ спасение?

Фусноти

Буквално: „ги направи вековите“. Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Буквално: „на населената земја“.
Или: „јавни слуги; слуги што служат за општото добро“.
Односно, другите цареви од лозата на Давид.