Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Дела на апостолите 5:1-42

5  А еден човек, по име Ананија, заедно со својата жена Сапфира, продаде имот  и скришно задржа дел од добиените пари — а за тоа знаеше и неговата жена — па донесе само еден дел и го стави пред нозете на апостолите.+  А Петар рече: „Ананија, зошто Сатана+ те наведе да го излажеш+ светиот дух+ и скришно да задржиш дел од парите добиени за нивата?  Зарем не беше твоја пред да ја продадеш? А кога ја продаде, зарем не можеше со тие пари да правиш што сакаш? Зошто во своето срце науми да направиш такво нешто? Ти не ги излажа+ луѓето, туку Бог“.+  А кога ги чу тие зборови, Ананија падна и издивна.+ И голем страв+ ги обзеде сите што го чуја тоа.  Тогаш станаа момците, го завиткаа во платно,+ го изнесоа и го закопаа.  А кога поминаа околу три часа, влезе неговата жена, не знаејќи што се случило.  Петар ја праша: „Кажи ми, дали за толку ја продадовте нивата?“ А таа одговори: „Да, за толку“.  Тогаш Петар ѝ рече: „Зошто сте се договориле да го искушате+ Јеховиниот дух? Еве, пред вратата се нозете на оние што го закопаа твојот маж, а и тебе ќе те изнесат“. 10  И таа веднаш падна пред неговите нозе и издивна.+ Кога влегоа момците, ја најдоа мртва, па ја изнесоа и ја закопаа до нејзиниот маж. 11  Поради тоа, голем страв го обзеде целото собрание* и сите што чуја за тоа. 12  А апостолите правеа многу чуда и предзнаци меѓу народот.+ И сите еднодушно беа во Соломоновиот трем.+ 13  Никој не се осмели да им се приклучи,+ но луѓето ги величаа.+ 14  И им се придружуваа сѐ повеќе верници во Господарот, мноштво мажи и жени,+ 15  така што и на улиците ги изнесуваа болните и ги ставаа на носилки и на легла за, кога ќе поминува Петар, барем неговата сенка да падне на некого од нив.+ 16  А се собираа и мноштво луѓе од градовите околу Ерусалим, донесувајќи болни и такви кои беа мачени од нечисти духови, и сите беа излекувани. 17  Тогаш се кренаа првосвештеникот и сите што беа со него, припадниците на тогашната садукејска секта, и, полни со љубомора,+ 18  ги фатија апостолите и ги фрлија в затвор.+ 19  Но во ноќта, Јеховин ангел+ ги отвори вратите на затворот,+ ги изведе и рече: 20  „Одете, застанете во храмот и кажувајте му ги на народот сите зборови за овој живот!“+ 21  А кога го чуја тоа, влегоа во храмот взори и почнаа да поучуваат. Кога стигнаа првосвештеникот и оние што беа со него, го свикаа Судскиот совет* и сиот совет од старешини на Израеловите синови+ и испратија стражари во затворот да ги доведат. 22  А стражарите, кога стигнаа таму, не ги најдоа во затворот, па се вратија и јавија: 23  „Затворот го најдовме заклучен и добро обезбеден и стражарите како стојат пред вратите, но кога отворивме, внатре не најдовме никого“. 24  А кога храмскиот заповедник и главните свештеници ги чуја тие зборови, се најдоа во недоумица и се прашуваа што би можело да биде тоа.+ 25  Но дојде еден човек и им јави: „Ене, луѓето што ги фрливте в затвор стојат во храмот и го поучуваат народот“.+ 26  Тогаш заповедникот отиде со своите стражари и ги доведе, но не употребија сила, зашто се плашеа+ дека народот ќе ги каменува. 27  Така ги доведоа и ги поставија во салата на Судскиот совет. А првосвештеникот ги испрашуваше 28  и рече: „Строго ви наредивме+ да не поучувате во тоа име, а вие, еве, го наполнивте Ерусалим со своето учење+ и сакате крвта на тој човек да ја фрлите+ на нас“. 29  Тогаш Петар и другите апостоли рекоа: „Мораме да му се покоруваме на Бог,* а не на луѓето.+ 30  Богот на нашите прататковци го воскресна+ Исус, кого вие го убивте обесувајќи го на столб.*+ 31  Него Бог го возвиши до својата десница+ како Водач+ и Спасител,+ за да може Израел да се покае+ и да добие простување на гревовите.+ 32  Ние сме сведоци на тие настани,+ а и светиот дух,+ кој Бог им го даде на оние што му се покоруваат“. 33  Кога го чуја тоа, многу се разгневија и сакаа да ги убијат.+ 34  Но во Судскиот совет стана еден фарисеј,* по име Гамалиел,+ учител по Законот, кој беше почитуван од целиот народ, и заповеда накратко да ги изведат апостолите надвор.+ 35  Тогаш им рече: „Луѓе Израелци,+ добро размислете што ќе направите со овие луѓе! 36  Зашто, пред некое време стана Тевда, тврдејќи дека тој е некој,+ и покрај него застанаа околу четиристотини луѓе.+ Но тој беше убиен, а сите оние што го слушаа, се разбегаа и исчезнаа. 37  По него, во деновите на пописот,+ стана Јуда Галилеецот и повлече народ по себе. И тој загина, а сите што го слушаа, се распрснаа. 38  Затоа сега ви велам: Не гибајте ги тие луѓе, туку пуштете ги — зашто, ако оваа замисла или ова дело е од луѓе, ќе пропадне,+ 39  но ако е од Бог,+ не ќе можете да ги спречите+ — за да не се покаже дека се борите против Бог“.+ 40  И го послушаа, па ги викнаа апостолите, ги истепаа со стапови+ и им наредија да не зборуваат во Исусово име,+ па ги пуштија да си одат. 41  Тие, пак, си заминаа од Судскиот совет, радувајќи се+ што беа достојни да поднесат срам поради неговото име.+ 42  И секој ден, во храмот и од куќа до куќа,+ без престан поучуваа+ и ја објавуваа добрата вест за Христос,* Исус.+

Фусноти

Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.
Види ја фуснотата за Мт 26:59.
Или: „на Бог како на владетел“.
Или: „дрво“. Види го додатокот 8.
Види ја фуснотата за Мт 3:7.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.