Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Дела на апостолите 22:1-30

22  „Луѓе, браќа+ и татковци, чујте што ќе ви речам сега во своја одбрана!“+  А кога слушнаа дека им се обраќа на хебрејски јазик,+ уште повеќе стивнаа, а тој рече:  „Јас сум Евреин,+ роден во Тарс во Киликија,+ но школуван сум во овој град пред нозете на Гамалиел,+ поучен да се држам строго+ за Законот на нашите предци. Ревносно+ му служев на Бог како и сите вие денес.  Ги прогонував до смрт+ следбениците на овој Пат,* ставајќи во окови и предавајќи во затвор+ и мажи и жени.  За тоа можат да ми посведочат и првосвештеникот и целиот совет од старешини.+ Од нив дури добив и писма+ за браќата во Дамаск, па тргнав и нив да ги доведам од таму оковани во Ерусалим за да бидат казнети.  Но додека патував и се приближував кон Дамаск, околу пладне, од небото ненадејно ме осветли голема светлина.+  Паднав наземи и чув глас, кој ми зборуваше: ‚Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?‘+  А јас одговорив: ‚Кој си ти, Господару?‘ Тој ми рече: ‚Јас сум Исус Назареќанецот, кого ти го прогонуваш‘.+  А луѓето што беа со мене+ навистина ја видоа светлината, но не ги разбраа зборовите на оној што ми зборуваше.+ 10  Тогаш го прашав: ‚Што да направам,+ Господару?‘ Господарот* ми одговори: ‚Стани, појди во Дамаск и таму ќе ти се каже сѐ што ти е одредено да направиш!‘+ 11  Но бидејќи ослепев од сјајот на таа светлина, моите придружници ме поведоа за рака и така стигнав во Дамаск.+ 12  А еден Ананија, богобојазлив човек кој се држеше за Законот, за кого зборуваа добро+ сите Евреи што живееја таму, 13  дојде кај мене, ми пристапи и рече: ‚Савле, брате, прогледај!‘+ И во истиот тој час погледнав во него. 14  А тој рече: ‚Богот на нашите прататковци+ те избра тебе+ да ја запознаеш неговата волја, да го видиш+ Праведникот+ и да го чуеш гласот од неговата уста,+ 15  бидејќи ќе му бидеш сведок пред сите луѓе за она што си го видел и си го чул.+ 16  И сега, зошто се колебаш? Стани, крсти се+ и измиј ги+ своите гревови, повикувајќи го неговото име!‘+ 17  А кога се вратив во Ерусалим+ и се молев во храмот, паднав во занес*+ 18  и го видов Господарот како ми вели: ‚Поитај и бргу излези од Ерусалим, зашто нема да го прифатат+ твоето сведоштво за мене!‘ 19  А јас реков: ‚Господару, тие самите знаат дека ги фрлав в затвор+ и ги тепав по синагогите оние што веруваа во тебе.+ 20  И додека се пролеваше крвта на твојот сведок Стефан,+ стоев таму и го одобрував тоа+ и ги чував наметките на оние што го убиваа‘. 21  Но тој ми рече: ‚Оди, зашто те праќам кај народи кои се далеку!‘ “+ 22  Тие го слушаа сѐ до овој збор, а тогаш викнаа: „Отстранете го од земјата таквиот, зашто не заслужува да живее!“+ 23  А поради тоа што викаа, ги фрлаа облеките и фрлаа прав во воздухот,+ 24  илјаданачалникот нареди да го одведат во касарната и одреди да го испитаат со камшикување, за да дознае точно зошто викаат+ така против него. 25  А кога го растегнаа за да го камшикуваат, Павле му рече на стотникот кој стоеше таму: „Зарем смеете да камшикувате човек кој е римски граѓанин,+ и тоа без судење?“ 26  Кога го чу тоа, стотникот отиде кај илјаданачалникот и му јави: „Што имаш намера да направиш? Овој човек е римски граѓанин!“ 27  Тогаш илјаданачалникот му пријде на Павле и го праша: „Кажи ми, дали си ти римски граѓанин?“+ Тој одговори: „Да“. 28  Илјаданачалникот тогаш му рече: „Јас го купив тоа граѓанство за многу пари“. Павле одговори: „А јас сум дури роден со него“.+ 29  Затоа оние што требаше да го испрашуваат со мачење веднаш отстапија од него. А илјаданачалникот се уплаши кога дозна дека Павле е римски граѓанин,+ а тој го беше врзал. 30  Утредента, поради тоа што сакаше да дознае зошто Евреите го обвинуваа Павле, илјаданачалникот му ги симна оковите и заповеда да се соберат главните свештеници и целиот Судски совет.* Тогаш го доведе Павле и го постави пред нив.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Де 9:2.
Види го додатокот 11.
Или: „транс“.
Види ја фуснотата за Мт 26:59.