Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Дела на апостолите 19:1-41

19  Додека Аполо+ беше во Коринт, Павле ја пропатува внатрешноста на земјата и дојде до Ефес.+ Таму пронајде некои ученици  и ги праша: „Дали примивте свет дух+ кога станавте верници?“ Тие му одговорија: „Ние не сме ни чуле дека постои свет дух“.+  Тој ги праша: „Тогаш, со кое крштавање се крстивте?“ Тие одговорија: „Со Јовановото крштавање“.+  А Павле рече: „Јован крштаваше со крштавање кое е знак на покајание,+ велејќи им на луѓето да веруваат во оној што доаѓа по него,+ односно во Исус“.  Кога го чуја тоа, се крстија во името на Господарот* Исус.+  А кога Павле ги положи рацете+ врз нив, светиот дух дојде на нив, па почнаа да зборуваат на разни јазици и да пророкуваат.+  А вкупно беа дванаесет мажи.  Потоа Павле влезе во синагогата+ и три месеци смело проповедаше, држејќи говори и изнесувајќи уверливи докази за Божјето царство.+  Но поради тоа што некои беа закоравени и не веруваа,+ туку го оцрнуваа Патот*+ пред мноштвото, тој отстапи од нив+ и ги одвои учениците,+ па секојдневно држеше говори во училиштето на Тиран. 10  Тоа траеше две години,+ така што сите што живееја во Азија,+ и Евреи и Грци, ја чуја речта на Господарот. 11  А Бог правеше несекојдневни моќни дела* преку Павловите раце,+ 12  така што дури и марамчињата и скутниците од неговото тело им ги носеа на болните,+ и нивните болести исчезнуваа, а злите духови излегуваа.+ 13  А и некои од Евреите, кои патуваа од место во место и истеруваа демони,+ се обидоа да го повикаат името на Господарот Исус+ над оние што беа обземени од зли духови. Велеа: „Ви заповедам+ во името на Исус, кого Павле го проповеда!“ 14  А тоа го правеа седумте синови на некојси Скева, еврејски главен свештеник. 15  А злиот дух им одврати: „Го познавам Исус+ и го знам Павле,+ но кои сте вие?“ 16  Тогаш човекот во кој беше злиот дух им скокна,+ ги совлада сите и ги претепа, така што голи и ранети побегнаа од таа куќа. 17  Тоа им стана познато на сите, и на Евреите и на Грците кои живееја во Ефес, па сите ги обзеде страв,+ и се величаше името на Господарот Исус.+ 18  И мнозина од оние што станаа верници доаѓаа и јавно ги признаваа своите гревови,+ опишувајќи што правеле. 19  А мнозина од оние што се занимаваа со магија+ ги собраа своите книги и ги изгореа пред сите. И проценија дека вредеа педесет илјади сребреници. 20  Така Јеховината реч силно растеше и преовладуваше.+ 21  А по овие настани, Павле науми* да отпатува за Ерусалим+ преку Македонија+ и Ахаја, па рече: „Откако ќе дојдам таму, морам да го видам и Рим“.+ 22  Така испрати во Македонија двајца од своите помошници, Тимотеј+ и Ераст,+ а самиот уште некое време се задржа во Азија. 23  Токму во тоа време настана голем немир+ поради Патот.+ 24  Зашто, еден човек по име Димитриј, сребрар, кој изработуваше сребрени храмчиња на Артемида, им донесуваше на занаетчиите голема печалба.+ 25  Тој ги собра нив и сите што се занимаваа со таква дејност+ и им рече: „Луѓе, вие знаете дека нашата благосостојба зависи од оваа работа.+ 26  А гледате и слушате дека тој Павле, не само во Ефес+ туку и скоро во цела Азија увери мноштво луѓе и ги преобрати, велејќи дека боговите направени со раце+ не се богови. 27  А освен тоа, постои опасност ова наше занимање да дојде на лош глас. И не само тоа, туку ќе се обезвредни и храмот на великата божица Артемида+ и ќе исчезне величеството на таа божица, која е почитувана во цела Азија и во целиот свет“.* 28  Кога го чуја тоа, се разгневија и почнаа да викаат: „Велика е Артемида ефеска!“ 29  И во целиот град настана мешаница, па сите заедно навалија во театарот, влечејќи ги со себе Македонците Гај и Аристарх,+ Павлови сопатници. 30  А Павле сакаше да влезе меѓу народот, но учениците не му дозволија. 31  Дури и некои високи службеници* во таа покраина, кои беа пријателски наклонети кон него, испратија порака молејќи го да не влегува во театарот и да се изложува на опасност. 32  А таму едни извикуваа едно, а други друго,+ бидејќи на собирот владееше метеж и повеќето од нив и не знаеја зошто се беа собрале. 33  Некои од мноштвото го изведоа Александар, кого Евреите го туркаа напред. А Александар даде знак со раката и се обиде да се одбрани пред народот. 34  Но кога сфатија дека е Евреин, сите извикаа во еден глас: „Велика+ е Артемида ефеска!“ И така викаа околу два часа. 35  Кога градскиот писар на крајот го стивна+ мноштвото, рече: „Луѓе ефешани! Кој од луѓето не знае дека градот Ефес е чувар на храмот на великата Артемида и на кипот што падна од небото? 36  Според тоа, бидејќи ова е неоспорно, треба да се смирите и ништо да не правите избрзано.+ 37  Зашто, ги доведовте овие луѓе кои ниту украле нешто од храмот ниту хулеле на нашата божица. 38  А ако Димитриј+ и занаетчиите кои се со него имаат некаква тужба против некого, има денови кога заседава суд,+ а тука се и проконзулите,*+ па нека се тужат едни со други. 39  Ако, пак, барате нешто повеќе од тоа, за тоа мора да се одлучи на законското собрание. 40  Всушност, постои опасност да бидеме обвинети за бунт поради денешниов настан, бидејќи не постои никаква причина со која би можеле да ја оправдаме оваа разуздана толпа“. 41  И кога го рече тоа,+ го распушти собирот.+

Фусноти

Види го додатокот 11.
Види ја фуснотата за Де 9:2.
Или: „несекојдневни чуда“.
Буквално: „науми во духот“.
Буквално: „целата населена земја“.
Или: „довереници за свечености и игри“. Буквално: „азијарси“.
Види ја фуснотата за Де 13:7.