Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Дела на апостолите 15:1-41

15  А некои луѓе дојдоа од Јудеја+ и почнаа да ги учат браќата: „Ако не се обрежете+ според Мојсеевиот обичај,+ не можете да се спасите“.  А кога дојде до голема расправа и препирање меѓу нив и Павле и Варнава, се договорија Павле и Варнава и уште некои од нив да отидат кај апостолите и старешините во Ерусалим+ поради тој спор.  Така, испратени од собранието,+ тие минуваа низ Феникија и Самарија, известувајќи подробно за преобраќањето на незнабошците,+ а ова многу ги израдува сите браќа.+  Кога стигнаа во Ерусалим, собранието и апостолите и старешините љубезно ги примија,+ а тие раскажаа за сето она што Бог го направи преку нив.+  Но некои од фарисејската секта, кои ја беа примиле верата, станаа од своите места и рекоа: „Треба да бидат обрежани+ и да им се заповеда да го држат Мојсеевиот закон“.+  Тогаш апостолите и старешините се собраа да го разгледаат тоа.+  По долго расправање,+ Петар стана и им рече: „Луѓе, браќа, добро знаете дека Бог од првите денови ме избра од вас за да можат незнабошците да ги чујат од моја уста зборовите на добрата вест и да поверуваат.+  И Бог, кој ги познава срцата,+ посведочи дека ги прифаќа давајќи им свет дух+ како што ни даде и нам.  Не направи никаква разлика помеѓу нас и нив,+ туку преку вера ги очисти нивните срца.+ 10  Зошто сега го искушувате Бог, ставајќи им го на учениците на врат јаремот+ што ниту нашите прататковци ниту ние не можевме да го носиме?+ 11  Напротив, веруваме дека ќе бидеме спасени преку незаслужената доброта+ на Господарот* Исус, исто како и тие“.+ 12  Тогаш целото мноштво замолкна и слушаше како Варнава и Павле раскажуваат за многуте чуда и предзнаци, кои Бог преку нив ги правеше меѓу незнабошците.+ 13  А кога тие завршија, Јаков рече: „Луѓе, браќа, сослушајте ме!+ 14  Симеон*+ подробно изнесе како Бог за првпат им обрна внимание на незнабошците за да земе од нив народ за своето име.+ 15  Тоа е во согласност со зборовите на Пророците, како што е напишано: 16  ‚И потоа ќе се вратам и повторно ќе ја изградам паднатата Давидова сеница. Повторно ќе ги изградам нејзините урнатини и пак ќе ја подигнам,+ 17  за да можат преостанатите луѓе сесрдно да го побараат Јехова, заедно со луѓето од сите народи, со оние што го носат моето име, вели Јехова, кој го прави сето тоа,+ 18  познато од старо време‘.+ 19  Затоа сметам дека не треба да им се отежнува на оние од другите народи* кои се преобраќаат кон Бог,+ 20  туку треба да им се напише да се воздржуваат од она што е извалкано од идоли,+ од блуд,+ од удавено+ и од крв.+ 21  Зашто, уште од древни времиња ги има по градовите оние што го проповедаат Мојсеј, бидејќи неговите списи секоја сабота* се читаат на глас во синагогите“.+ 22  Тогаш апостолите и старешините заедно со целото собрание одлучија да изберат меѓу себе некои мажи и да ги испратат во Антиохија со Павле и со Варнава. Тоа беа Јуда, наречен Варсава,+ и Сила, мажи кои предводеа меѓу браќата. 23  По нив го испратија следново писмо: „Апостолите и старешините, браќа, ги поздравуваат браќата од другите народи,* кои се во Антиохија,+ во Сирија и во Киликија!+ 24  Поради тоа што чувме дека некои од нас, на кои не им дадовме никаков налог, ве вознемириле со своите изјави,+ обидувајќи се да ги поколебаат вашите души,+ 25  еднодушно се сложивме+ и решивме да избереме мажи кои ќе ви ги испратиме заедно со нашите сакани Варнава и Павле,+ 26  луѓе кои ги предадоа своите животи* за името на нашиот Господар Исус Христос.+ 27  Затоа ви ги испраќаме Јуда и Сила,+ за да можат и усно да ви го соопштат истото тоа.+ 28  Зашто, светиот дух+ и ние решивме да не ставаме никакво додатно бреме+ на вас, освен ова што е неопходно: 29  да се воздржувате од она што е жртвувано на идоли,+ од крв,+ од удавено+ и од блуд.+ Ако се чувате од тоа,+ ќе ви биде добро. Останете со здравје!“ 30  А тие се збогуваа и отидоа во Антиохија, па го собраа мноштвото и им го предадоа писмото.+ 31  Кога овие го прочитаа, се израдуваа на охрабрувањето.+ 32  А Јуда и Сила, кои и самите беа пророци,+ ги охрабрија браќата со многу зборови и ги зајакнаа.+ 33  Таму поминаа некое време, а потоа браќата ги отпуштија со мир+ да се вратат кај оние што ги беа пратиле. 34  * —— 35  Но Павле и Варнава останаа во Антиохија,+ поучувајќи и објавувајќи ја добрата вест за Јеховината реч+ заедно со многу други. 36  По некое време Павле му рече на Варнава: „Секако ќе мора да се вратиме и да ги посетиме браќата во секој град во кој ја објавувавме Јеховината реч, за да видиме како се“.+ 37  А Варнава бараше да го поведат и Јован наречен Марко.+ 38  Но Павле сметаше дека не е добро да го поведат, бидејќи во Памфилија ги напушти+ и не појде со нив на делото. 39  Тогаш дојде до толку жестока караница што се раздвоија. Варнава+ го поведе Марко и отплови за Кипар,+ 40  а Павле го избра Сила+ и, откако браќата го доверија на Јеховината незаслужена доброта,+ замина на пат. 41  И минуваше низ Сирија и Киликија, зајакнувајќи ги собранијата.+

Фусноти

Види го додатокот 11.
Друго име за апостол Петар.
Или: „незнабошците“.
Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Или: „од незнабошците“.
Буквално: „души“.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.