Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Дела на апостолите 14:1-28

14  Во Иконија,+ Павле и Варнава влегоа заедно во еврејската синагога+ и зборуваа на таков начин што големо мноштво Евреи и Грци+ станаа верници.  Но Евреите што не поверуваа ги растревожија+ незнабошнците и ги подбуцнаа против браќата.+  Затоа тие останаа подолго време таму и зборуваа смело во името на Јехова, кој ја потврдуваше пораката за својата незаслужена доброта, давајќи им да прават чуда и предзнаци.+  Но мноштвото од градот се подели: едните беа за Евреите, а другите за апостолите.  Тогаш незнабошците и Евреите со своите поглавари тргнаа за да ги малтретираат и да ги засипат со камења.+  Кога апостолите дознаа за тоа, побегнаа+ во ликаонските градови Листра и Дерва и во нивната околина.  Таму ја објавуваа добрата вест.+  А во Листра имаше еден човек со парализирани нозе, сакат од мајчината утроба,+ кој никогаш не беше одел.  Тој човек седеше и го слушаше Павле како зборува. А тој погледна во него и кога виде дека има вера+ и дека може да биде излекуван, 10  рече со силен глас: „Стани, исправи се на нозе!“ И тој скокна и почна да оди.+ 11  А кога виде што направи Павле, мноштвото извика на ликаонски јазик: „Боговите+ слегоа кај нас во човечки облик!“ 12  И Варнава го нарекоа Зевс, а Павле Хермес, зашто тој ја водеше речта. 13  А Зевсовиот свештеник, чиј храм беше пред градот, доведе бикови и донесе венци пред портата и сакаше со мноштвото да принесе жртви.+ 14  А кога чуја за тоа, апостолите Варнава и Павле си ја раскинаа облеката и се втурнаа меѓу мноштвото, викајќи: 15  „Луѓе, зошто го правите тоа? И ние сме само луѓе,+ како и вие!+ Ви ја објавуваме добрата вест да се обратите од тие ништожни работи+ кон живиот Бог,+ кој ги создаде небото+ и земјата и морето и сѐ што е во нив. 16  Тој во поранешните поколенија дозволи сите народи да одат по своите патишта,+ 17  иако не ве остави без сведоштво за себе: правеше добро,+ ви даваше дожд+ од небото и плодоносни времиња и ги полнеше вашите срца со храна и веселост“.+ 18  Иако го зборуваа тоа, едвај успеаја да го задржат мноштвото да не им принесе жртви. 19  Но од Антиохија и од Иконија стигнаа Евреи и го придобија мноштвото,+ па го каменуваа Павле и го одвлечкаа надвор од градот, мислејќи дека е мртов.+ 20  А кога учениците го опколија, тој стана и влезе во градот. Утредента со Варнава замина за Дерва.+ 21  Кога му ја објавија добрата вест на тој град и направија многу ученици,+ се вратија во Листра, во Иконија и во Антиохија, 22  јакнејќи ги учениците,+ храбрејќи ги да останат во верата и велејќи: „Во Божјето царство ќе влеземе преку многу неволји“.+ 23  И во секое собрание им поставија старешини,+ па со молитва и пост+ му ги доверија на Јехова,+ во кого беа поверувале. 24  И поминаа низ Писидија и дојдоа во Памфилија.+ 25  Во Перга ја објавуваа речта, а потоа заминаа во Аталија. 26  Оттаму отпловија за Антиохија,+ од каде што и тргнаа, доверени на Божјата незаслужена доброта за делото што сега го довршија.+ 27  А кога стигнаа и го собраа собранието, им раскажаа+ за сѐ што направи Бог преку нив и дека на незнабошците им ја отвори вратата кон верата.+ 28  И поминаа доста време со учениците.

Фусноти