Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Дела на апостолите 12:1-25

12  Некаде во тоа време цар Ирод* почна да малтретира+ некои од собранието.  Го погуби со меч+ Јаков, братот на Јован.+  Кога виде дека тоа им е по волја на Евреите,+ дозволи да го фатат и Петар. А токму беа во тек деновите на бесквасните лебови.+  И кога го фати, го фрли в затвор,+ каде што требаше да го чуваат четири смени од по четири војници, зашто имаше намера да го изведе пред народот по Пасхата.+  Така го држеа Петар в затвор, а собранието горливо му се молеше+ на Бог за него.  Ноќта спроти денот кога Ирод науми да го изведе, Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во двојни синџири, а стражарите пред вратата чуваа стража.  И гледај, се појави Јеховин ангел,+ и во ќелијата светна светлина. Тој го потчукна Петар по ребрата и го разбуди,+ велејќи: „Стани брзо!“ И синџирите му паднаа+ од рацете.  Тогаш ангелот+ му рече: „Опаши се и обуј си ги сандалите!“ И тој го стори тоа. На крајот му рече: „Облечи ја наметката + и појди по мене!“  И тој излезе и одеше по него, но не знаеше дека она што го прави ангелот е вистина, туку мислеше дека има видение.+ 10  А кога ја поминаа првата и втората стража, дојдоа до железната порта, која води во градот. Таа им се отвори сама од себе,+ па излегоа и преминаа една улица, а потоа ангелот наеднаш замина од него. 11  А откако си дојде на себеси, Петар рече: „Сега навистина знам дека Јехова го испратил својот ангел+ и ме избави+ од раката на Ирод и од сѐ што очекуваше еврејскиот народ“. 12  Откако размисли за тоа, отиде во куќата на Марија, мајката на Јован наречен Марко.+ Таму беа собрани мнозина и се молеа. 13  Кога чукна на влезната врата, дојде една слугинка, по име Рода, да наслушне кој е таму. 14  Кога го препозна гласот на Петар, од радост не ја отвори вратата, туку отрча внатре и јави дека Петар стои пред врата. 15  А тие ѝ рекоа: „Ти си луда!“ Но таа упорно тврдеше дека е така. Тогаш рекоа: „Тоа е неговиот ангел“.+ 16  А Петар и понатаму чукаше. Кога отворија, го здогледаа и се вчудовидоа. 17  Но тој им даде знак со раката+ да замолчат и подробно им раскажа како Јехова го изведе од затворот, а потоа рече: „Јавете им го ова на Јаков+ и на браќата!“ Тогаш излезе и отиде на друго место. 18  А кога се раздени,+ меѓу војниците настана голема тревога бидејќи се прашуваа што се случило со Петар. 19  Ирод+ испрати луѓе да го бараат, а кога не го најде, ги испраша стражарите и заповеда да ги одведат за да ги казнат.+ Тогаш замина од Јудеја во Цезареја и таму остана некое време. 20  А беше во судир со Тирците и со Сидонците. Затоа тие заеднички дојдоа кај него и, откако го придобија Власт, царевиот личен собар, побараа мир, зашто нивната земја добиваше храна+ од земјата на царот. 21  А во денот определен за тоа, Ирод ја облече кралската руба, седна на судиската столица и почна да им држи говор. 22  А насобраниот народ почна да вика: „Тоа е глас на бог, а не на човек!“+ 23  Но веднаш го удри Јеховиниот ангел,+ зашто не му оддаде слава на Бог,+ па го изедоа црви и издивна. 24  А Јеховината реч+ сѐ повеќе растеше и се ширеше.+ 25  А Варнава+ и Савле ја испорачаа помошта*+ во Ерусалим, па се вратија и го зедоа со себе Јован,+ наречен Марко.

Фусноти

Ирод Агрипа I.
Буквално: „извршија служба (на помагање)“.