Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Дела на апостолите 11:1-30

11  А апостолите и браќата што беа во Јудеја чуја дека и незнабошците+ ја примиле речта Божја,  па кога Петар дојде во Ерусалим, поборниците на обрежувањето+ почнаа да му приговараат  поради тоа што отишол во куќата на необрежани луѓе и јадел со нив.  Тогаш Петар им раскажа сѐ по ред како што беше:  „Бев во градот Јопа и се молев, па паднав во занес* и имав видение. Видов нешто како големо платно, држено за четирите краишта, како слегува од небото и се спушта до мене.  Се загледав во него, набљудував и видов земни четириножни суштества и диви животни и лазачи и небесни птици.+  Чув и глас кој ми рече: ‚Петре, стани! Коли и јади!‘+  Но јас реков: ‚Никако, Господару, зашто нешто валкано или нечисто никогаш не влегло во мојава уста!‘+  Но гласот од небото одговори по вторпат: ‚Не викај го валкано она што Бог го исчистил!‘+ 10  Тоа се повтори и по третпат, а потоа сѐ беше пак земено назад на небото.+ 11  И ете, во тој час пред куќата, во која се наоѓавме, застанаа тројца мажи испратени од Цезареја кај мене.+ 12  Тогаш духот+ ми рече да појдам со нив без колебање. А со мене појдоа и овие шестмина браќа, и влеговме во куќата на тој човек.+ 13  Тој ни раскажа дека во својата куќа го видел ангелот, кој застанал пред него и му рекол: ‚Испрати луѓе во Јопа и повикај го Симон, наречен Петар.+ 14  Тој ќе ти ги каже зборовите преку кои можеш да се спасиш ти и сите во твојот дом‘.+ 15  А кога почнав да зборувам, врз нив слезе светиот дух, како и врз нас во почетокот.+ 16  Тогаш се сетив како зборуваше Господарот: ‚Јован крштаваше со вода,+ а вие ќе бидете крстени со свет дух‘.+ 17  Значи, ако Бог им го дал истиот дар и ним како што ни го даде нам кои поверувавме во Господарот Исус Христос,+ кој сум јас, па да можам да го спречам Бог?“+ 18  А кога го чуја тоа, се смирија+ и почнаа да го слават Бог,+ велејќи: „Значи, Бог и на незнабошците им даде покајание кое води во живот“.+ 19  А оние што ги распрсна+ неволјата, која настана поради Стефан, стигнаа дури до Феникија,+ Кипар+ и Антиохија, но не ја проповедаа речта никому, освен на Евреите.+ 20  Но меѓу нив беа некои луѓе од Кипар и од Киринија, кои дојдоа во Антиохија и почнаа да разговараат со луѓето што зборуваа грчки,+ објавувајќи ја добрата вест за Господарот* Исус.+ 21  А Јеховината рака+ беше со нив и многу луѓе станаа верници и се преобратија кон Господарот.+ 22  А гласот за нив дојде до ушите на собранието што беше во Ерусалим, па го испратија Варнава+ во Антиохија. 23  Кога стигна и ја виде Божјата незаслужена доброта,+ тој се израдува+ и сите ги храбреше да му останат верни на Господарот со решително срце,+ 24  зашто беше добар човек, полн со свет дух и со вера. И голем број луѓе му се придружија на Господарот.+ 25  Потоа отиде во Тарс+ да го побара Савле.+ 26  Кога го најде, го одведе во Антиохија. И така цела година се состануваа со нив во собранието и поучуваа големо мноштво луѓе, па преку божествено провидение токму во Антиохија учениците за првпат беа наречени христијани.+ 27  Во тие денови во Антиохија дојдоа пророци+ од Ерусалим. 28  Еден од нив, по име Агав,+ стана и преку духот претскажа дека по цел свет* ќе завладее голем глад.+ Токму тоа се случи за време на владеењето на Клавдиј. 29  Затоа учениците, секој според своите можности,+ решија да испратат помош+ за на тој начин да им послужат на браќата што живееја во Јудеја. 30  Тоа и го сторија, испраќајќи им ја на старешините преку Варнава и Савле.+

Фусноти

Или: „транс“.
Види го додатокот 11.
Буквално: „по целата населена земја“.