Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Даниел 9:1-27

9  Во првата година на Дариј,+ синот на Ахасвер, од родот на Медијците,+ кој беше поставен за цар над царството на Халдејците,+  во првата година на неговото царување, јас, Даниел, го разбрав од книгите бројот на годините кои, според речта што Јехова му ја упати на пророкот Еремија,+ требаше да се навршат над опустошениот Ерусалим,+ имено седумдесет години.+  И го свртив лицето кон Јехова, вистинскиот Бог, за да го барам со молитва+ и со сесрдни молби, со пост, во козина и во пепел.+  И почнав да му се молам на Јехова, мојот Бог, и да му се исповедам велејќи:+ „О Јехова, Боже вистински, ти си велик+ и влеваш страв, го чуваш сојузот+ и им покажуваш милост*+ на оние што те сакаат и ги држат твоите заповеди,+  а ние згрешивме,+ постапивме погрешно, направивме зло и се побунивме.+ Отстапивме од твоите заповеди и од твоите закони.+  И не ги слушавме твоите слуги, пророците,+ кои во твое име им зборуваа на нашите цареви, на нашите кнезови, на нашите прататковци и на сиот народ.*+  Во тебе, Јехова, е праведноста, а овој денешен срам е на нашето лице,+ на синовите на Јуда, на жителите на Ерусалим и на сите Израелци, на оние што се близу и на оние што се далеку во сите земји во кои ги расеа поради неверството што ти го направија.+  О Јехова, срамот ни е на лицето нам, на нашите цареви, на нашите кнезови и на нашите прататковци, зашто ти згрешивме.+  Во тебе Јехова, Боже наш, се милосрдноста+ и простувањето,+ зашто се побунивме против тебе.+ 10  И не го послушавме гласот твој, Јехова, Боже наш, за да живееме* според законите твои што ни ги даде преку раката на твоите слуги, пророците.+ 11  Сиот Израел го престапи твојот закон и отстапи не слушајќи го твојот глас,+ и затоа врз нас ти излеа проклетство и клетва,+ како што е напишано во законот на Мојсеј, слугата на вистинскиот Бог, зашто ти згрешивме. 12  И ги исполни зборовите што ги изговори против нас+ и против нашите судии, кои ни судеа,+ пуштајќи голема неволја врз нас, каква што не се случила под целото небо како што се случи во Ерусалим.+ 13  Како што е и напишано во законот на Мојсеј,+ сета таа неволја дојде врз нас,+ а ние не го смилостививме* лицето твое, Јехова, Боже наш, бидејќи не се одвративме од своите престапи+ и покажавме дека не разбираме колку си ѝ верен на вистината.+ 14  А ти, Јехова, ја чуваше неволјата и на крајот ја доведе врз нас,+ зашто ти, Јехова, Боже наш, си праведен во сите свои дела што ги правиш, а ние не го послушавме твојот глас.+ 15  А сега, о Јехова, Боже наш, кој со силна рака+ го изведе својот народ од египетската земја и си стекна за себе име какво што имаш денес,+ згрешивме,+ правевме зло. 16  Те молам, Јехова, поради сите твои праведни дела,+ одврати ги својот гнев и својата јарост од својот град Ерусалим, од својата света гора,+ бидејќи, поради нашите гревови и поради престапите на нашите прататковци,+ сите што се околу нас ги срамотат Ерусалим и твојот народ.+ 17  А сега послушај ја, о Боже наш, молитвата на својот слуга и неговите сесрдни молби, и нека светне лицето твое+ над твоето опустошено светилиште+ — поради тебе, Јехова! 18  Приклони го своето уво, Боже мој, и слушај!+ Отвори ги своите очи и види го нашиот пустош и градот што го носи твоето име.+ Зашто, нашите сесрдни молби не ти ги упатувавме поради нашите праведни дела,+ туку поради твоето големо милосрдие.+ 19  О Јехова, слушни!+ Јехова, прости!+ О Јехова, оѕвиј се и помогни ни!+ Не колебај се,+ поради себе, Боже мој, зашто твојот град и твојот народ го носат твоето име“.+ 20  Додека уште зборував, се молев и го исповедував мојот грев+ и гревот на мојот народ Израел+ и му ја упатував на Јехова, мојот Бог, молбата за милост за светата гора+ на мојот Бог, 21  и додека уште ја изговарав молитвата, оној човек Гавриел,+ кого го видов во видение на почетокот,+ исцрпен од умор, дојде кај мене кога се принесуваше вечерниот жртвен дар.+ 22  И ми се обрати за да ми помогне да го разберам* сето тоа, велејќи: „Даниеле, дојдов за да спознаеш* сѐ и да разбереш.+ 23  Кога почна да се молиш, излезе реч, и јас дојдов да ти ја јавам, зашто ти си Божји љубимец.+ Затоа внимавај+ на речта и разбери го видението. 24  Седумдесет седмици му се определени на твојот народ+ и на твојот свет град+ додека да се прекине престапот,+ да му се стави крај на гревот,+ да се исчисти грешката,+ да се воведе вечна праведност,+ да се стави печат+ на видението и на пророците и да се помаже Светињата над светињите.+ 25  Затоа знај и разбери дека од часот кога ќе излезе речта+ да се обнови и повторно да се изгради Ерусалим+ па до Месијанскиот+ Водач+ ќе поминат седум седмици, и уште шеесет и две седмици.+ Градот ќе биде вратен и ќе биде повторно изграден со плоштад и со окоп, но во тешко време. 26  А по шеесет и двете седмици, Месијата ќе биде погубен+ и ништо нема да му остане.+ А градот и светото место+ ќе ги уништи народот на еден водач што доаѓа.+ И крајот на сето тоа ќе биде со поплава. И до крајот ќе има војна. Одредено е да има пустошење.+ 27  И тој за мнозина+ ќе го задржи сојузот+ во сила за една седмица, а во половината од седмицата ќе ги укине жртвата и жртвениот дар.+ И на крилото на гадотијата ќе дојде оној што пустоши.+ И сѐ до истребувањето, она што е одредено ќе се излева и врз оној што лежи опустошен“.+

Фусноти

Или: „им покажуваш лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „народ од земјата“ (хебрејски: ам хаарец). Види ја фуснотата за Езе 7:27.
Буквално: „одиме“.
Буквално: „омекнавме“.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.