Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Даниел 10:1-21

10  Во третата година на персискиот цар Кир,+ на Даниел, наречен Валтазар,+ му беше дадена една објава. Објавата беше вистинита, а беше во врска со еден голем воен поход.+ И тој ја разбра објавата и го сфати видението.+  Во тие денови, јас, Даниел, тагував+ цели три седмици.  Од вкусниот леб не јадев, ни месо ни вино не ставив в уста и не се мачкав со масло додека не се навршија трите седмици.+  А на дваесет и четвртиот ден од првиот месец, кога бев на брегот на големата река, реката Хидекел,*+  ги подигнав очите, и гледај, таму беше еден човек облечен во ленена облека,+ со бедра+ опашани со злато од Уфаз.+  Телото му беше како камен хризолит,+ лицето му изгледаше како молња,+ очите како запалени факли,+ рацете и нозете како светнат бакар,+ а гласот на неговите зборови беше како глас на мноштво.  Единствено јас, Даниел, го видов тоа видение, а луѓето што беа со мене не го видоа.+ Но ги обзеде голем страв, па избегаа за да се скријат.  А јас останав сам и го видов тоа големо видение. И во мене не остана сила. Сосема премалев и веќе немав сила.+  И го чув гласот на неговите зборови. А додека го слушав гласот на неговите зборови, цврсто заспав+ со лицето на земја.+ 10  И гледај, една рака ме допре,+ ме затресе и ми помогна да се поткренам на колената и на дланките. 11  И тој ми рече: „Даниеле, љубимецу Божји,+ разбери ги зборовите што ти ги кажувам,+ и застани тука каде што си, зашто сега сум испратен кај тебе“. И кога ми го кажа тоа, јас, растреперен, станав. 12  Потоа ми рече: „Не плаши се,+ Даниеле, зашто од првиот ден кога го насочи своето срце за да разбереш+ и кога се понизи пред својот Бог,+ твоите зборови беа услишени, и јас дојдов поради твоите зборови.+ 13  Но кнезот+ на персиското царство+ ми стоеше на патот+ дваесет и еден ден, но гледај, Михаел,*+ еден од највисоките кнезови,+ ми дојде на помош. А јас останав таму кај персиските цареви.+ 14  И дојдов за да разбереш што ќе му се случи на твојот народ+ во последните денови,+ бидејќи тоа е видение+ за деновите што треба допрва да дојдат“.+ 15  А додека тој ми ги кажуваше тие зборови, го наведнав лицето кон земјата+ и занемев. 16  И гледај, оној што беше сличен на синовите човечки ми ги допре усните,+ и јас ја отворив устата за да зборувам,+ и му реков на оној што стоеше пред мене: „Господару мој,+ поради видението, голем немир ме обзеде однатре и останав без сила.+ 17  И како твојот слуга, господару, би можел да зборува со тебе, со својот господар?+ Во мене сега нема сила и здив не остана во мене“.+ 18  Тогаш повторно ме допре оној што изгледаше како човек и ме зајакна.+ 19  Потоа рече: „Не плаши се,+ љубимецу Божји!+ Имај мир!+ Биди силен, охрабри се!“+ И штом почна да ми зборува, собрав сила, па реков: „Нека зборува мојот господар,+ зашто ме зајакна“.+ 20  Тогаш рече: „Знаеш ли зошто дојдов кај тебе? А сега ќе се вратам за да се борам со кнезот на Персија.+ И кога ќе отидам, гледај, ќе дојде и кнезот на Грција.+ 21  Но ќе ти кажам што е запишано во книгата на вистината,+ и знај дека нема друг што ми дава голема поддршка во ова, освен Михаел,+ вашиот кнез.+

Фусноти

Хебрејско име за Тигар.
„Михаел“ значи „кој е како Бог?“