Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Даниел 1:1-21

1  Во третата година од царувањето на Јоаким,+ царот на Јуда, во Ерусалим дојде вавилонскиот цар Навуходоносор и подигна опсада околу него.+  И вистинскиот Бог Јехова му го даде в раце Јоаким, царот на Јуда,+ и дел од приборот+ од својот дом, а тој го однесе приборот во земјата Сенар,+ во домот на својот бог, и го стави во ризницата на својот бог.+  Потоа царот му рече на Асфеназ, на својот главен дворјанин,+ да доведе некои од Израеловите синови, од царскиот род и од големците,+  момчиња кои се без недостаток,+ убави, надарени за секаква мудрост,+ богати со знаење, кои лесно учат+ и се способни да служат во царската палата,+ па да ги поучи за писмото и за јазикот на Халдејците.  Освен тоа, царот им одреди дневен оброк од избрани царски јадења+ и вино кое тој го пиеше, и да ги воспитуваат три години за да можат потоа да служат пред царот.  Меѓу нив беа некои од синовите на Јуда: Даниел,+ Ананиј, Мисаил и Азариј.+  Ним главниот дворјанин им даде други имиња.+ Така, Даниел го нарече Валтазар,+ Ананиј — Седрах, Мисаил — Мисах, а Азариј — Авденаго.+  Но Даниел одлучи во своето срце да не се извалка+ со избраните царски јадења и со виното што го пиеше царот. Затоа повеќе пати го молеше главниот дворјанин да го поштеди  за да не се извалка.+  И вистинскиот Бог направи Даниел да ја стекне наклоноста* и милоста на главниот дворјанин.+ 10  Но главниот дворјанин му рече на Даниел: „Се плашам од мојот господар, царот, кој ви определи јадење и пиење.+ Зошто да види дека вашите лица изгледаат полошо од лицата на другите момчиња на ваша возраст и зошто на мојата глава да фрлите вина пред царот?“ 11  Но Даниел му рече на чуварот, кого главниот дворјанин+ го постави над Даниел, Ананиј, Мисаил и Азариј: 12  „Те молам, испитај ги своите слуги — десет дена нека ни даваат да јадеме зеленчук+ и да пиеме вода. 13  Тогаш ти самиот спореди ги нашите лица со лицата на момчињата што јадат од избраните царски јадења, па направи со своите слуги според она што ќе го видиш“. 14  Најпосле ги послуша и ги стави на испит десет дена. 15  А по десет дена нивните лица беа поубави и пополни од лицата на сите други момчиња што јадеа од избраните царски јадења.+ 16  Оттогаш чуварот ги земаше јадењата што им беа одредени и виното што требаше да го пијат, и им даваше зеленчук.+ 17  И вистинскиот Бог ги обдари овие четири момчиња со знаење, и со разбирање* за сите книги, и со мудрост,+ а покрај тоа Даниел разбираше секакви виденија и сонови.+ 18  А кога помина времето по кое царот беше наредил да ги доведат пред него,+ главниот дворјанин ги изведе пред Навуходоносор. 19  И царот разговараше со нив, и меѓу сите не се најде ниту еден како Даниел, Ананиј, Мисаил и Азариј.+ И така тие останаа да служат пред царот.+ 20  И во сите работи за кои требаше да се има мудрост и разборитост,*+ царот установи, кога и да ги прашаше, дека беа десет пати подобри од сите свештеници што се занимаваа со магија+ и од оние што повикуваа духови+ во целото негово царство. 21  И Даниел остана таму до првата година на цар Кир.+

Фусноти

Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Види ја фуснотата за Из 3:5.