Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Галатите 6:1-18

6  Браќа, ако некој ненамерно згреши,*+ вие кои сте духовни+ исправајте го таквиот во дух на благост,+ внимавајќи на себе+ и самите да не дојдете во искушение.+  Носете ги бремињата еден на друг,+ и така ќе го исполните законот Христов.+  Зашто, ако некој мисли дека е нешто, а не е ништо,+ самиот себеси се залажува.  Но секој нека го испита* своето дело,+ па ќе има причина за задоволство во самиот себе, а не споредувајќи се со други.+  Зашто, секој ќе го носи својот товар.+  И оној што е поучуван+ за Божјата реч нека ги дели сите добра+ што ги има со оној што го поучува.*+  Не залажувајте се:+ со Бог нема подигрување!+ Човек што ќе си посее, тоа и ќе си пожнее.+  Кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее пропаст,+ а кој сее во духот,+ од духот ќе пожнее вечен живот.+  Затоа, да не се откажеме од правење добро,+ бидејќи, ако не се умориме, ќе жнееме кога ќе дојде време.+ 10  Затоа, додека имаме можност за тоа,+ да им правиме добро на сите, а особено на своите браќа по вера.+ 11  Погледнете со колку големи букви ви пишувам со своја рака!+ 12  Сите што сакаат по тело да им угодат на другите, ве присилуваат да се обрежете,+ само за да не бидат прогонувани поради маченичкиот столб* на Христос,+ Исус. 13  Зашто, дури и оние што се обрежуваат, не го држат Законот,+ туку сакаат вие да се обрежувате за тие да се фалат со вашето тело. 14  А јас не сакам со ништо да се фалам, освен со маченичкиот столб+ на нашиот Господар* Исус Христос, преку кого светот е прикован на столб за мене+ и јас за светот. 15  Зашто, не е важно ниту обрежувањето ниту необрежувањето,+ туку новото создание.+ 16  А на сите што ќе живеат* според ова правило, на нив нека бидат мирот и милосрдието — на Израелот Божји!+ 17  Отсега никој повеќе да не ми прави неволји, зашто јас на своето тело ги носам жиговите+ кои покажуваат дека сум Исусов роб!+ 18  Браќа, незаслужената доброта на нашиот Господар Исус Христос нека биде со вашиот дух!+ Амин.

Фусноти

Или: „ако некој згреши, а не е свесен за тоа“.
Или: „докаже“.
Буквално: „кој е усно поучуван... оној што усно го поучува“.
Види го додатокот 8.
Види го додатокот 11.
Буквално: „одат“.