Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Галатите 5:1-26

5  За таква слобода Христос нѐ ослободи.+ Затоа, бидете непоколебливи+ и не дозволувајте да бидете повторно впрегнати во јаремот на ропството.+  Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрежете,+ Христос нема ништо да ви користи.  И пак му сведочам на секој човек што се обрежува, дека е должен да го извршува целиот Закон.+  Одвоени сте од Христос, вие кои се обидувате да бидете прогласени за праведни преку законот,+ излеговте од закрилата на неговата незаслужена доброта.+  Зашто, ние преку духот желно ја очекуваме праведноста на која се надеваме, праведност која произлегува од верата.+  Зашто, во Христос Исус ниту обрежувањето има некаква вредност ниту необрежувањето,+ туку верата+ која преку дела се покажува во љубовта.+  Добро трчавте.+ Кој ве спречи да ѝ се покорувате на вистината?+  Таквото наговарање не е од оној што ве повикува.+  Малку квасец го потквасува целото тесто.+ 10  Уверен сум+ дека вие што сте во единство+ со Господарот* нема да мислите поинаку. А оној што ве збунува,+ ќе биде осуден,+ кој и да е. 11  А ако јас, браќа, и понатаму проповедам обрежување, зошто тогаш и понатаму ме прогонуваат?+ Кога би го правел тоа, тогаш маченичкиот столб*+ повеќе не би бил камен за спрепнување.+ 12  Камо да беа скопени+ оние што ве збунуваат!+ 13  А вие, браќа, повикани сте на слобода.+ Само таа слобода нека не ви служи како поттик за грешното тело,+ туку со љубов робувајте си еден на друг.+ 14  Зашто, целиот Закон се исполнува+ во една заповед: „Сакај го својот ближен како самиот себе“.+ 15  Но, ако се гризете и се јадете еден со друг,+ гледајте да не се истребите еден со друг.+ 16  Според тоа, ви велам: живејте* според духот,+ па нема да им угодувате на желбите на телото.+ 17  Зашто, телото со своите желби му се противи на духот,+ а духот му се противи на телото. Навистина, тие се противат еден на друг, така што не го правите она што би сакале.+ 18  А ако ве води духот,+ не сте под законот.+ 19  А делата на телото се очигледни.+ Тоа се: блуд,+ нечистотија, бесрамност,+ 20  идолопоклонство, гатање,*+ непријателства, караници, љубомора, изливи на гнев, судири, поделби, секти, 21  завист, пијанки,+ разуздани гозби и други слични работи. Тоа ви го кажувам однапред, како што веќе и ви реков, дека оние што прават такво нешто+ нема да го наследат Божјето царство.+ 22  А плодовите+ на духот се: љубов, радост, мир, долготрпеливост, љубезност,* доброта,*+ вера, 23  благост, самосовладување.+ Против тоа нема закон.+ 24  А оние што му припаѓаат на Христос Исус го приковале на столб телото заедно со страстите и желбите на телото.+ 25  Ако живееме според духот, да му дозволиме на духот да нѐ води.*+ 26  Да не бидеме суетни, да не се натпреваруваме+ еден со друг, да не си завидуваме еден на друг.+

Фусноти

Види го додатокот 11.
Види го додатокот 8.
Буквално: „одете“.
Или: „употреба на дрога“. Види ја фуснотата за От 21:8.
Главната мисла на изворниот израз е да се заземаш за доброто на другите. На македонски може да се преведе и со поими како што се добродушност, добрина, чесност, пресретливост, услужливост, великодушност.
Изворниот израз се однесува на особина која е показател на моралните доблести на личноста. На македонски може да се преведе и со поими како што се добродушност, добронамерност, услужливост, чесност, љубезност.
Буквално: „и одиме по духот“.