Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Галатите 1:1-24

1  Павле,+ апостол+ — кого не го испратиле луѓе, ниту го поставил некој човек, туку Исус Христос+ и Бог, Таткото,+ кој го подигна Исус од мртвите+  и сите браќа што се со мене,+ до собранијата* во Галатија:*+  Бог, нашиот Татко, и Господарот* Исус Христос нека ви дадат незаслужена доброта и мир.+  Тој се даде себеси за нашите гревови+ за да нѐ избави од сегашниов зол свет*+ според волјата+ на нашиот Бог и Татко,  кому му припаѓа славата во сета вечност.+ Амин.*  Се чудам што толку брзо се одвраќате од оној+ што ве повика преку Христовата незаслужена доброта+ и слушате некаква друга добра вест.+  Но друга не постои. Постојат само некои што ве збунуваат+ и сакаат да ја искриват добрата вест за Христос.+  Но, дури и ние или ангел од небото да ви објавеше поинаква добра вест од онаа што веќе ви ја објавивме, проклет да е!+  Како што веќе рековме, тоа и сега го повторувам: кој ќе ви објави поинаква добра вест од онаа што веќе сте ја прифатиле,+ проклет да е! 10  Навистина, дали сега се обидувам да ги придобијам луѓето или Бог? Или, пак, настојувам да им угодам на луѓето?+ Да им угодував сѐ уште на луѓето,+ не ќе бев Христов роб.+ 11  Зашто, ви напомнувам, браќа, дека добрата вест што ја објавив не е човечка порака,+ 12  оти не ја примив од човек, ниту некој ме учел за неа, туку Исус Христос ми ја објави од небото.+ 13  А сте чуле дека порано живеев во јудејството*+ — дека преку секоја мера го прогонував+ Божјето собрание и сакав да го сотрам.+ 14  И напредував во јудејството повеќе од многумина мои врсници во мојот народ,+ зашто бев многу поревносен+ од другите за преданијата+ на моите татковци. 15  Но кога на Бог, кој дозволи да се родам и ме повика+ во својата незаслужена доброта,+ му беше по волја 16  да го открие својот Син преку мене,+ за да им ја објавам на незнабошците добрата вест за него,+ не се посоветував веднаш со тело и со крв,+ 17  ниту отидов во Ерусалим кај оние што беа апостоли пред мене,+ туку отидов во Арабија, и пак се вратив во Дамаск.+ 18  Потоа, по три години, отидов во Ерусалим+ да го посетам Кифа+ и останав кај него петнаесет дена. 19  Но од апостолите не видов никого, освен Јаков,+ братот+ на Господарот. 20  А за ова што ви го пишувам, еве, пред Бог изјавувам дека не е лага.+ 21  Потоа отидов+ во сириските и киликиските предели. 22  Но Христовите собранија во Јудеја не ме познаваа лично.+ 23  Тие само беа чуле од другите: „Оној што порано нѐ прогонуваше+ сега ја објавува добрата вест за верата која порано сакаше да ја сотре“.+ 24  Затоа, поради мене, почнаа да го слават Бог.+

Фусноти

Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.
Римска провинција која се наоѓала во средишниот дел на денешна Мала Азија.
Види го додатокот 11.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.
Или: „во јудаизмот“.