Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Амос 9:1-15

9  Го видов Јехова како стои над жртвеникот+ и вели: „Удри ја главата на столбот за да се затресат праговите! Отсечи им ги главите на сите столбови!+ А она што ќе остане од народите, ќе го убијам со меч. Ниту еден што бега, нема да побегне, и ниту еден што настојува да се извлече, нема да успее.+  И во гробот* да се закопаат, оттаму мојата рака ќе ги извади.+ И на небото да се качат, и оттаму ќе ги симнам.+  И да се скријат на врвот на Кармил, таму ќе ги побарам и ќе ги земам.+ Да се скријат од моите очи и на морското дно,+ таму долу ќе ѝ заповедам на змијата да ги касне.  Да отидат и во заробеништво пред своите непријатели, ќе му заповедам на мечот да ги убие таму.+ Ќе ги насочам очите кон нив за да ги снајде зло, а не добро.+  Кога Севишниот Господар, Јехова над војските, ќе ја допре земјата, таа се растопува,+ тагуваат сите жители во неа.+ Целата како Нил надоаѓа и како Нил египетски опаѓа.+  ‚Тој ги гради своите скали на небесата+ и градбата своја на земјата што ја втемелил,+ тој ги повикува морските води+ за да ги излее на површината на земјата+ — Јехова е името негово.‘+  ‚Синови Израелови, не сте ли вие за мене како синовите на Хус?‘ — вели Јехова. ‚Не го изведов ли Израел од египетската земја,+ а Филистејците+ од Крит* и Сирија од Кир?‘+  ‚Ете, очите на Севишниот Господар Јехова го гледаат грешното царство+ и тој ќе го истреби од лицето на земјата.+ Сепак, нема сосема да го истребам домот на Јаков‘,+ вели Јехова.  ‚Зашто, ете, давам заповед, и меѓу сите народи ќе го затресам домот на Израел+ како што се тресе решето, за да не падне ни камче на земја. 10  Од меч ќе загинат сите грешници од мојот народ,+ кои велат: „Нема да ни се приближи и нема да нѐ стигне неволјата“.‘+ 11  ‚Во тој ден ќе ја подигнам+ паднатата Давидова сеница+ и ќе ги поправам нејзините пукнатини. Ќе ги подигнам нејзините урнатини и ќе ја изградам како во дамнешните денови,+ 12  за да го освојат она што остана од Едом+ и сите народи* што го носат моето име‘,+ вели Јехова, кој го прави сето тоа. 13  ‚Ете, доаѓаат денови‘, вели Јехова, ‚кога орачот ќе го престигне жетварот,+ а оној што гази грозје ќе го престигне оној што носи семе.+ Од планините ќе капе вино*+ и сите ридови ќе се растопуваат.+ 14  А јас ќе ги вратам заробените од мојот народ Израел,+ и тие ќе ги изградат запустените градови и ќе ги населат,+ ќе насадат лозја и ќе го пијат нивното вино, ќе направат градини и ќе го јадат нивниот плод.‘+ 15  ‚И ќе ги посадам во нивната земја, и нема повеќе да бидат откорнати од нивната земја, која им ја дадов‘,+ вели Јехова, твојот Бог“.

Фусноти

Буквално: „шеолот“.
Хебрејски: Кафтор.
Или: „да го побараат [Јехова] останатите луѓе, заедно со другите народи“, според Септуагинтата (LXX). Спореди со Де 15:17.
Или: „слатко вино“.