Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Амос 8:1-14

8  Еве што ми покажа Севишниот Господар Јехова: гледај, кошница со летно овошје.*+  Потоа ме праша: „Што гледаш,+ Амосе?“ А јас му одговорив: „Кошница со летно овошје“.*+ Тогаш Јехова ми рече: „Му дојде крајот* на мојот народ Израел.+ Нема повеќе да му простувам.+  ‚Во тој ден храмските песни ќе се претворат во горко плачење‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. ‚Ќе има многу мртви.+ Ќе бидат расфрлани насекаде. Тишина!‘  Чујте го ова, вие кои го проголтувате сиромавиот+ и ги упропастувате кротките на земјата+  и велите: ‚Кога ли ќе помине младата месечина+ за да можеме да продаваме жито?+ И кога ќе заврши денот за одмор*+ за да го нудиме житото за продажба, за да ја намалиме ефата,+ да го зголемиме сикелот и да мамиме со измамничка вага,+  да го купуваме бедниот за сребро и сиромавиот за едно рало сандали, и да го продаваме отпадокот од житото?‘+  Јехова се заколна во Величеството на Јаков:+ ‚Никогаш нема да заборавам ниту едно нивно дело.+  Нема ли земјата да се затресе+ од тоа и секој жител да тагува во неа?+ Нема ли целата да надојде како Нил, да се разбранува и да опадне како Нил египетски?‘+  ‚И во тој ден‘, вели Севишниот Господар Јехова, ‚ќе направам сонцето да зајде напладне+ и земјата да биде во темнина сред бел ден. 10  И ќе ги претворам вашите празници во тагување+ и сите ваши песни во тажачки, ќе ставам козина околу сите бедра и ќе ја оќелавам секоја глава+ и ќе направам да тагувате како за син единец,+ а крајот на тоа ќе биде како ден полн со горчина.‘ 11  ‚Ете, доаѓаат денови‘, вели Севишниот Господар Јехова, ‚кога ќе испратам глад на земјата, но не глад за леб, ниту жед за вода, туку за слушање на зборовите Јеховини.+ 12  И тие ќе се тетерават од море до море и од север до исток. Ќе талкаат барајќи ја Јеховината реч, но нема да ја најдат.+ 13  Во тој ден ќе губат свест од жед убавите девојки и момчиња,+ 14  кои се колнат во вината на Самарија+ и велат: „Како што е жив твојот бог, Дане!“+ — и: „Како што е жив патот за Вирсавеја!“+ Тие ќе паднат и никогаш повеќе нема да станат.‘ “+

Фусноти

Види ја фуснотата за 2Са 16:1.
„Летно овошје“ — хебрејски: кајиц; израз кој укажува на крајот на земјоделската година.
„Крај“ — хебрејски: кец; игра на зборови со изразот кајиц од првиот дел на стихот.
Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.