Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Амос 7:1-17

7  Еве што ми покажа Севишниот Господару Јехова: гледај, создаде рој скакулци кога изникна доцниот посев.+ И гледај, тоа беше доцната сеидба* по косидбата на царот.  А кога ги изедоа сите растенија во земјата, јас реков: „Севишен Господаре Јехова, прости им, те молам!+ Кој ќе се подигне од Јаков, кога е толку мал?“+  На Јехова му падна жал поради тоа.+ „Тоа нема да се случи“, рече Јехова.  Еве што ми покажа Севишниот Господар Јехова: гледај, Севишниот Господар Јехова започна расправија со оган,+ и огнот ја јадеше пространата водна бездна и го изеде парчето земја.  А јас реков: „Севишен Господару Јехова, застани, те молам!+ Кој ќе се подигне од Јаков, кога е толку мал?“+  На Јехова му падна жал поради тоа.+ „Ни тоа нема да се случи“, рече Севишниот Господар Јехова.  Еве што ми покажа: гледај, Јехова стоеше на ѕид подигнат со помош на висулец,+ и во неговата рака имаше висулец.  Тогаш Јехова ме праша: „Што гледаш, Амосе?“ А јас одговорив: „Висулец“. А Јехова рече: „Еве, ставам висулец сред мојот народ Израел.+ Нема повеќе да му проштавам.+  Обредните височинки на Исак+ ќе бидат опустошени, светилиштата+ на Израел ќе бидат разорени,+ и со меч ќе станам против домот на Јеровоам“.*+ 10  А Амазија, свештеник во Ветил,+ му порача на Јеровоам,+ царот на Израел: „Амос кове заговор против тебе сред домот Израелов.+ Земјата не може повеќе да ги поднесува сите негови зборови.+ 11  Зашто, вака вели Амос: ‚Јеровоам ќе загине од меч, а Израел ќе биде одведен од својата земја во изгнанство‘ “.+ 12  И Амазија му рече на Амос: „Оди си, јасновидецу!+ Бегај во земјата на Јуда, па таму јади леб и таму пророкувај! 13  Но во Ветил повеќе да не пророкуваш,+ зашто тој е царско светилиште+ и царска престолнина“. 14  Тогаш Амос му одговори на Амазија: „Јас не бев ниту пророк ниту син на пророк.+ Бев овчар+ и ги засечував плодовите на дивите смокви. 15  Но Јехова ме зеде откај стадото, и Јехова ми рече: ‚Оди, пророкувај му на мојот народ Израел‘.+ 16  И сега чуј ја речта на Јехова: ‚Зар ти велиш: „Не пророкувај против Израел,+ и не изустувај ниту еден збор+ против домот на Исак“? 17  Затоа, вака вели Јехова: „Твојата жена ќе стане блудница во градот.+ Твоите синови и ќерки ќе паднат од меч. Твојата земја ќе биде разделена со мерно јаже. Ти ќе умреш на нечиста земја,+ а Израел ќе отиде во изгнанство од својата земја“ ‘ “.+

Фусноти

„Доцната сеидба“ се извршувала во јануари и февруари. Види го додатокот 14.
Станува збор за Јеровоам II, синот на Јоас, а не за Јеровоам I, синот на Нават. Види Ам 1:1.