Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Амос 5:1-27

5  „Чујте ја оваа реч, оваа тажачка што ја изнесувам против вас,+ доме Израелов:   Падна+ девицата,+ Израел, не може повеќе да стане.+ Оставена е на својата земја, и нема кој да ја крене.+  Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Градот што излезе со илјада луѓе, ќе остане со сто, оној што излезе со сто луѓе, ќе остане со десет. Тоа ќе му се случи на домот Израелов‘.+  Зашто, вака му вели Јехова на домот на Израел: ‚Барајте ме+ и ќе живеете.+  Не барајте го Ветил,+ не одете во Гилгал,+ и не преминувајте во Вирсавеја,+ зашто Гилгал ќе појде во изгнанство,+ а Ветил ќе стане место на зли сили.+  Барајте го Јехова и ќе живеете,+ доме Јосифов+ — за да не почне тој да пали како оган што проголтува,+ па да нема кој да го изгасне+ во Ветил —  вие кои правдата ја претворате+ во пелин и ја фрлате праведноста на земја.+  Тој ги создаде соѕвездието Кима*+ и соѕвездието Кесил.*+ Тој ја претвора густата темнина+ во утро, а денот во црна ноќ.+ Тој ги повикува морските води за да ги излее на површината на земјата+ — Јехова е името негово.+  Тој молскавично го опустошува силниот, за да биде опустошено утврденото место. 10  Го мразат оној што при градската порта укорува,+ и се гнасат од оној што ја кажува вистината.+ 11  Поради тоа што од сиромашниот собирате наемнина за земја и од него земате данок во жито,+ си изградивте куќи од делкан камен,+ но нема да живеете во нив. Насадивте убави лозја, но нема да пиете вино од нив.+ 12  Зашто, знам колку се бројни вашите престапи+ и колку се тешки вашите гревови:+ го угнетувате праведникот,+ примате поткуп+ и ја извртувате правдата на сиромашните+ при градската порта.+ 13  Затоа разборитиот* ќе молчи во тоа време, зашто тоа ќе биде време на неволја.+ 14  Барајте го доброто, а не злото,+ за да живеете+ и за да биде со вас Јехова, Богот над војските, како што велите вие.+ 15  Мразете го злото, а сакајте го доброто,+ и дајте ѝ место на правдата при градската порта!+ Можеби Јехова, Богот над војските, ќе му се смилува+ на Јосифовиот остаток‘.+ 16  Затоа вака вели Јехова, Богот над војските, Јехова: ‚По сите плоштади ќе се плаче+ и по сите улици луѓето ќе велат: „Леле! Леле!“ И ќе го повикаат земјоделецот да тагува+ и вешти тажачи да редат‘.+ 17  ‚И по сите лозја ќе се тагува,+ зашто јас ќе поминам сред тебе‘,+ вели Јехова. 18  ‚Тешко на оние што копнеат по денот на Јехова!+ Што ќе значи за вас денот на Јехова?+ Тогаш ќе има темнина, а не светлина.+ 19  Како кога човек бега од лав, а го сретнува мечка, и како кога влегува во куќа и се потпира со раката на ѕид, а змија го каснува.+ 20  Нема ли денот на Јехова да биде темнина, а не светлина? Мрак, а не светлост?+ 21  Ги мразам и ги отфрлам вашите празници,+ и не уживам повеќе во мирисот на вашите свечени собири.+ 22  Дури и да ми принесете цели жртви паленици,+ вашите жртвени дарови нема да ми бидат мили,+ и на вашите заеднички жртви од згоени добичиња нема ни да погледнам.+ 23  Отстрани ја од мене бучавата на своите песни, да не го слушам звукот на твоите псалтири.+ 24  Правдата нека потече како вода+ и праведноста како порој што тече без престан.+ 25  Зар мене ми принесувавте жртви и жртвени дарови во пустината четириесет години, доме Израелов?+ 26  Ќе го носите вашиот цар Сакут+ и Кајван,* односно ликовите што ги направивте за себе, ѕвездата што ја обожавате како бог.+ 27  А јас ќе ве испратам во изгнанство подалеку од Дамаск‘,+ вели оној чие име е Јехова, Богот над војските.“+

Фусноти

Види ја фуснотата за изразот „соѕвездието Кима“ во Јов 9:9.
Види ја фуснотата за изразот „соѕвездието Кесил“ во Јов 9:9.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Во Де 7:43 „Ромфа“.