Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Амос 2:1-16

2  Вака вели Јехова: ‚„Поради трите престапи на Моав,+ и поради четирите, нема да ја променам одлуката, поради тоа што ги изгоре во вар+ коските на едомскиот цар.  И ќе испратам оган на Моав за да ги проголта утврдените дворци во Кериот.+ Моав ќе пропадне со бучава, со воен вик, со звук на рог.+  И ќе го истребам судијата од неговата средина и сите негови кнезови ќе ги убијам со него“,+ вели Јехова‘.  Вака вели Јехова: ‚Поради трите престапи на Јуда,+ и поради четирите, нема да ја променам одлуката, зашто го отфрлија законот на Јехова+ и не ги држеа неговите уредби, туку беа заведени од нивните лаги,+ по кои одеа нивните татковци.+  И ќе испратам оган на Јуда за да ги проголта ерусалимските утврдени дворци‘.+  Вака вели Јехова: ‚Поради трите престапи на Израел,+ и поради четирите, нема да ја променам одлуката, зашто продаваа праведник за сребро и сиромав за едно рало сандали.+  Едвај чекаат да видат земен прав врз главата на бедните,+ и ги отстрануваат кротките од вистинскиот пат.+ Синот и таткото одат кај истата девојка+ за да го осквернат моето свето име.+  И врз облеки земени во залог лежат испружени+ покрај секој жртвеник,+ и во храмот на своите богови+ го пијат виното на оние што се казнети со глоба‘.  ‚А поради нив јас ги истребив Аморејците,+ кои беа високи како кедри и јаки како огромни дрвја,+ и ги уништив нивните плодови одозгора и нивните корења одоздола.+ 10  Јас ве изведов од египетската земја+ и ве водев четириесет години+ низ пустината за да ја заземете земјата на Аморејците.+ 11  И од вашите синови подигнував пророци+ и од вашите младичи подигнував назарејци.+ Не е ли така, синови Израелови?‘ — вели Јехова. 12  ‚Но вие им дававте на назарејците да пијат вино,+ а на пророците им заповедавте: „Не пророкувајте!“+ 13  Еве, ќе ја затресам земјата под вас, како што се тресе запрежна кола  полна со штотуку ожнеано жито. 14  Ни брзиот ќе нема каде да побегне,+ ни јакиот нема да ја зголеми својата сила, ни силниот нема да ја избави својата душа.+ 15  Оној што се служи со лак нема да се додржи, брзоногиот нема да побегне, коњаникот нема да ја избави својата душа.+ 16  И оној што има храбро срце меѓу силните мажи ќе бега гол во тој ден‘,+ вели Јехова.“

Фусноти