Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Амос 1:1-15

1  Зборовите на Амос, овчар од Текоја,+ зборови што му беа објавени во видение во врска со Израел+ во деновите на Озија,+ царот на Јуда, и во деновите на Јеровоам,+ синот на Јоас,+ царот на Израел, две години пред земјотресот.+  Тој рече: „Јехова ќе рикне како лав од Сион,+ ќе го пушти својот глас од Ерусалим.+ Овчарските пасишта ќе тагуваат, и врвот на Кармил ќе се исуши“.+  „Вака вели Јехова: ‚„Поради трите престапи на Дамаск,+ и поради четирите, нема да ја променам одлуката, зашто го вршеа Галад+ со железна вршалка.  И ќе испратам оган+ врз домот на Азаил+ за да ги проголта утврдените дворци на Вен-Адад.+  Ќе го скршам резето на Дамаск,+ ќе ги истребам жителите на Викат-Авен и оној што го држи жезолот во Вет-Еден, а народот од Сирија ќе оди во изгнанство во Кир“,+ вели Јехова‘.  Вака вели Јехова: , „Поради трите престапи на Газа,+ и поради четирите, нема да ја променам одлуката, зашто ги одведоа сите изгнаници во изгнанство+ за да му ги предадат на Едом.+  И ќе испратам оган врз ѕидиштата на Газа+ за да ги проголта нејзините утврдени дворци.  И ќе ги истребам жителите на Азот+ и оној што го држи жезолот во Аскалон,+ ќе ја свртам својата рака+ врз Екрон+ и ќе изгине остатокот од Филистејците“,+ вели Севишниот Господар Јехова‘.  Вака вели Јехова: ‚Поради трите престапи на Тир,+ и поради четирите, нема да ја променам одлуката, зашто му ги предадоа сите изгнаници на Едом, и не се сетија на братскиот сојуз.+ 10  И ќе испратам оган врз ѕидиштата на Тир за да ги проголта неговите утврдени дворци‘.+ 11  Вака вели Јехова: ‚Поради трите престапи на Едом,+ и поради четирите, нема да ја променам одлуката, зашто го гонеше својот брат со меч,+ го задуши своето милосрдие+ и во својот гнев постојано го раскинуваше својот плен. Неговиот гнев беснее без престан.+ 12  И ќе испратам оган во Теман+ за да ги проголта утврдените дворци во Восор‘.+ 13  Вака вели Јехова: ‚„Поради трите престапи на синовите на Амон,+ и поради четирите, нема да ја променам одлуката,+ зашто ги распаруваа бремените жени во Галад за да ги прошират своите граници.+ 14  Ќе ги запалам ѕидиштата на Рава+ за огнот да ги проголта нејзините утврдени дворци, со воен вик во денот на битка, со виор во денот на буреносниот ветар.+ 15  И нивниот цар ќе отиде во изгнанство заедно со своите кнезови“,+ вели Јехова‘.

Фусноти