Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Агеј 2:1-23

2  Во седмиот месец,+ на дваесет и првиот ден од тој месец, преку пророкот Агеј+ дојде Јеховината реч:  „Кажи им, те молам, на Зоровавел,+ синот на Салатиел,+ управителот на Јуда,+ и на Исус,+ синот на Јоседек,+ првосвештеникот, и на останатите од народот:  ‚Дали се меѓу вас оние што го виделе овој дом во неговата поранешна слава?+ А каков го гледате сега? Не е ли, во споредба со него, како ништо во ваши очи?‘+  ‚Но сега биди силен, Зоровавеле,‘ вели Јехова, ‚биди силен+ и ти, Исусе, сине Јоседеков, првосвештенику!‘ ‚Биди силен, народе‘,* вели Јехова, ‚и фати се за работа!‘+ ‚Зашто, јас сум со вас‘,+ вели Јехова над војските.  ‚Сетете се на сојузот што го склучив со вас кога излеговте од Египет+ и кога мојот дух+ стоеше меѓу вас. Не плашете се!‘ “+  „Зашто, вака вели Јехова над војските: ‚Уште еднаш — и тоа скоро+ — ќе ги затресам небото и земјата, морето и копното‘.+  ‚Ќе ги затресам сите народи, и ќе дојдат скапоценостите од сите народи,+ и ќе го наполнам овој дом со слава‘,+ вели Јехова над војските.  ‚Среброто е мое и златото е мое‘,+ вели Јехова над војските.  ‚Славата на овој втор дом ќе биде поголема отколку на првиот‘,+ вели Јехова над војските. ‚И на ова место ќе му дадам мир‘,+ вели Јехова над војските.“ 10  На дваесет и четвртиот ден од деветтиот месец, во втората година на Дариј, му дојде на пророкот Агеј+ Јеховината реч: 11  „Вака вели Јехова над војските: ‚Те молам, прашај ги свештениците за законот+ и кажи: 12  „Ако некој носи свето месо во скутот на својата облека, па со скутот се допре до леб или до варило или до вино или до масло или до каква и да е храна, ќе стане ли тоа свето?“ ‘ “+ А свештениците одговорија: „Не!“ 13  А Агеј натаму рече: „Ако некој нечист од мртовец* се допре до такво нешто, дали тоа ќе стане нечисто?“+ А свештениците одговорија: „Ќе стане нечисто“. 14  Тогаш Агеј рече: „ ,Такви се овие луѓе и таков е овој народ пред мене,‘+ вели Јехова, ‚такви се сите дела на нивните раце и сѐ што принесуваат таму. Сѐ е нечисто‘.+ 15  ‚А сега, ве молам, размислувајте од денес во своето срце+ за тоа како беше пред да почне да се става камен на камен во храмот на Јехова.+ 16   Кога некој ќе дојдеше до куп на кој требаше да има дваесет мери, имаше само десет, и кога некој ќе дојдеше до винското гмечало за да нацрпи од него педесет мери, имаше само дваесет.+ 17  Ве удрив со суша,+ со мувла+ и со град,+ го удрив секое дело на вашите раце,+ но никој од вас не се обрати кон мене‘,+ вели Јехова. 18  ‚Ве молам, размислувајте за ова од денес натаму,+ од дваесет и четвртиот ден во деветтиот месец, од денот кога е положен темелот на Јеховиниот храм,+ размислувајте за ова: 19  Има ли уште семе во амбарот?*+ Ни лозата, ни смоквата, ни калинката, ни маслинката уште не родија. Од овој ден натаму јас ќе ви го давам својот благослов‘ “.+ 20  На дваесет и четвртиот ден од тој месец,+ на Агеј+ по вторпат му дојде Јеховината реч: 21  „Кажи му на Зоровавел, управителот на Јуда:+ ‚Ќе ги затресам небото и земјата.+ 22  И ќе ги соборам престолите на царствата и ќе ги уништам силите на царствата на народите.+ Ќе ги превртам колите и оние што ги возат, ќе паднат коњите и нивните јавачи,+ секој од мечот на својот брат‘ “.+ 23  „ ,Во тој ден‘, вели Јехова над војските, ‚ќе те земам, Зоровавеле,+ сине Салатиелов,+ слуго мој‘, вели Јехова. ‚Ќе те ставам како печатен прстен,+ зашто тебе те избрав‘,+ вели Јехова над војските.“+

Фусноти

Буквално: „народе од земјата“ (хебрејски: ам хаарец). Овој израз подоцна почнал да се користи во погрдна смисла. Спореди Јв 7:47-49.
Буквално: „душа“, односно мртва душа. Види го додатокот 2.
Или: „јамата за жито“.