Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јона 4:1-11

4  Но, на Јона му беше многу криво поради тоа,+ па се разгневи.  Затоа му се помоли на Јехова и рече: „О Јехова, зар не мислев дека ќе биде така уште додека бев во својата земја? Затоа и сакав да побегнам во Тарсис,+ зашто знаев дека ти си добар и милосрден Бог,+ бавен на гнев и полн со милост,*+ и дека брзо ќе ти падне жал што си сакал да нанесеш неволја.+  Затоа сега, те молам, о Јехова, земи ја мојата душа+ од мене, зашто подобро ми е да умрам отколку да живеам“.+  А Јехова, пак, му рече: „Зар имаш право да се лутиш?“+  Тогаш Јона излезе од градот и седна источно од него. Таму си направи сеница за да седи под неа во ладовина+ додека да види што ќе биде со градот.+  А Јехова Бог направи да израсне една тиква над Јона за да му прави сенка над главата и да му ја олесни маката.+ И Јона многу ѝ се израдува на тиквата.  Но кога следниот ден се зазори зората, вистинскиот Бог испрати црв+ да ја подгризе тиквата, и таа се исуши.+  Штом огреа сонцето, Бог пушти жежок источен ветар,+ а сонцето толку му удираше в глава на Јона што тој скоро почна да губи свест.+ И се молеше да му умре душата, и само повторуваше: „Подобро ми е да умрам отколку да живеам“.+  А Бог му рече на Јона: „Имаш ли право да се лутиш поради тиквата?“+ А тој му одговори: „Имам право што сум лут до смрт“. 10  Но Јехова му рече: „Тебе ти е жал за тиквата, околу која не се трудеше, ниту ја одгледуваше, и која во една ноќ израсна и во една ноќ се исуши. 11  А мене да не ми биде жал за Ниневија, голем град,+ во кој има повеќе од сто и дваесет илјади луѓе, кои не знаат што е десно, а што лево, а покрај тоа и многу стока?“+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.