Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јоил 2:1-32

2  „Затрубете во рог на Сион+ и огласете се со воен повик+ на мојата света гора.+ Нека треперат сите жители на оваа земја,+ зашто доаѓа Јеховиниот ден,+ зашто е близу!  Тоа е ден на темнина и мрак,+ ден на облаци и на густа темнина. Личи на светлината в зори што се шири по планините.+ Еве, народ броен и моќен,+ народ каков што никогаш немало+ и нема повеќе да го има во ниту едно идно поколение.  Пред него оган изедува,+ а зад него пламен проголтува.+ Пред него земјата е како градината Еден,+ а зад него гола пустелија. Ништо не му бега.  Сите од тој народ личат на коњи, а трчаат како бојни коњи.+  Кога скокаат, како да тропотат коли по ридските врвови,+ како да потпукнува распламтен оган кога проголтува стрниште.+ Тие се како моќен народ построен во борбени редови.+  Поради нив, народите ќе бидат во тешки болки+ и на сите ќе им се чита тегоба на лицето.+  Трчаат како јунаци.+ Се качуваат на ѕид како војници, и секој оди по својот пат и не скршнува од својата патека.+  Не се туркаат еден со друг. Како силен човек на својата патека, тие продолжуваат напред. Па дури и некои да паднат меѓу стрелите, другите не се откажуваат.  Навалуваат во градот. Трчаат на ѕидот. Се качуваат на куќите. Влегуваат како крадци низ прозорците. 10  Пред нив земјата се тресе, небото трепери. Сонцето и месечината потемнуваат,+ а ѕвездите го повлекуваат својот сјај.+ 11  Јехова ќе го пушти својот глас+ пред својата војска,+ зашто неговиот логор е многу голем.+ Моќен е оној што ја извршува својата реч, зашто Јеховиниот ден е голем+ и многу страшен. Кој може да опстане?“+ 12  „Затоа сега,“ вели Јехова, „вратете се кај мене со сето свое срце,+ со пост,+ со плачење и со тажење.+ 13  Раскинете ги срцата,+ а не облеката!+ Вратете се кај Јехова, вашиот Бог, зашто тој е милостив и милосрден,+ бавен на гнев+ и полн со милост,*+ и ќе му биде жал поради несреќата.+ 14  Кој знае дали нема да се одврати, да се сожали+ и да остави благослов,+ житна жртва и жртва налевница за Јехова, вашиот Бог? 15  Затрубете во рог на Сион!+ Прогласете свет пост!+ Свикајте свечен собир!+ 16  Соберете го народот! Посветете ја заедницата!*+ Свикајте ги старците! Соберете ги децата и доенчињата!+ Младоженецот нека излезе од својата соба и невестата од својата свадбена одаја! 17  Меѓу предворјето и жртвеникот+ нека плачат свештениците, слуги на Јехова, и нека кажат: ‚Сожали го, Јехова, својот народ, и не предавај го своето наследство на срам,+ па да владеат народите над него. Зошто да се зборува меѓу народите: „Каде е нивниот Бог?“ ‘+ 18  И Јехова ќе биде ревносен за својата земја+ и ќе му се смилува на својот народ.+ 19  Јехова ќе му одговори и ќе му рече на својот народ: ‚Еве, ви праќам жито, младо вино и масло, и со тоа ќе се наситите.+ Нема повеќе да дозволам да ве срамотат меѓу народите.+ 20  И оној од север+ ќе го протерам далеку од вас и ќе го растерам по безводна и запустена земја. Ќе му го свртам лицето кон источното море,+ а грбот — кон западното.+ Неговата смрдеа ќе се крене, неговата реа ќе се крева,+ зашто Бог ќе направи големо дело‘. 21  Не плаши се, земјо! Радувај се и весели се, зашто Јехова ќе направи големо дело.+ 22  Не плашете се, полски ѕверови,+ зашто пасиштата во пустелијата ќе се зазеленат,+ дрвото ќе го даде својот плод,+ смоквата и лозата ќе го дадат својот род.+ 23  И вие, синови на Сион, веселете се и радувајте му се на Јехова, вашиот Бог,+ бидејќи ќе ви даде есенски дожд во права мера+ и ќе излее врз вас дожд, дожд есенски и пролетен, како и порано.+ 24  И ќе се наполнат гумната со исчистено жито, а од каците ќе се прелева младо вино и масло.+ 25  Ќе ви ги надоместам годините што ги изедоа скакулецот, младиот бескрилен скакулец, лебарката и гасеницата — мојата голема војска што ја испратив кај вас.+ 26  Ќе јадете, и ќе се наситите со јадење,+ па ќе го фалите името на Јехова, вашиот Бог,+ кој со вас постапуваше на чудесен начин.+ Никогаш повеќе мојот народ нема да биде посрамен.+ 27  И тогаш ќе знаете дека јас сум сред Израел+ и дека јас сум Јехова, вашиот Бог, и дека нема друг.+ Никогаш повеќе мојот народ нема да биде посрамен. 28  Потоа ќе излеам од својот дух+ на најразлични луѓе,+ и вашите синови и ќерки+ ќе пророкуваат, вашите старци ќе сонуваат соништа, а вашите младичи ќе гледаат виденија. 29  Дури и на слугите и на слугинките ќе излеам од својот дух во оние денови.+ 30  И ќе дадам предзнаци на небото+ и на земјата, крв, оган и столбови од дим.+ 31  Сонцето ќе се претвори во темнина+ и месечината во крв,+ пред да дојде големиот и страшен Јеховин ден.+ 32  И секој што ќе го повика името на Јехова ќе биде спасен,+ бидејќи оние што се избавени, како што рече Јехова, ќе бидат на гората Сион+ и во Ерусалим. Ќе бидат и меѓу преживеаните, кои Јехова ги повикува.“+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.