Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 9:1-35

9  Тогаш Јов одговори:   „Навистина, добро знам дека е така. Но, како може смртниот човек да има право кога е во спор со Бог?+   Кога би посакал Бог да се препира со него,+ човекот не би можел да му одговори ниту на едно од илјада прашања.   Тој има мудро срце и голема моќ.+ Кој може тврдоглаво да му се спротивстави и да помине неказнето?+   Тој ги преместува планините,+ а луѓето и не знаат за тоа, ги соборува во својот гнев.+   Ја затресува земјата и ја помрднува од нејзиното место, па затреперуваат нејзините столбови.+   Му вели на сонцето да не свети, ги запечатува ѕвездите за да не се гледа нивната светлина,+   сам ги распнува небесата+ и гази по високите морски бранови.+   Ги создал соѕвездијата Аш* и Кесил,* соѕвездието Кима*+ и одаите на Југот.* 10  Тој прави големи и неистражливи дела,+ чудеса на кои им нема број.+ 11  Еве, тој поминува покрај мене, а јас не го гледам; одминува, а јас не го забележувам.+ 12  Еве, тој граба и кој може да му се спротивстави? Кој ќе му рече: ‚Што правиш?‘+ 13  Бог нема да го одврати својот гнев,+ пред него ќе ползат од страв помошниците на напаѓачот.+ 14  А како тогаш да му одговорам јас? Би морал добро да ги бирам зборовите што би му ги кажал.+ 15  Затоа нема да му одговорам, дури и да имам право.+ Ќе барам милост од својот противник во спорот.+ 16  Кога ќе го повикам, дали ќе ми се одѕвие?+ Не верувам дека ќе приклони уво кон мојот глас 17  тој што ме сотира со бура и ми ги умножува раните без причина.+ 18  Не ми дава ни да здивнам,+ зашто ме сити со горчила. 19  Ако е некој силен во моќта, тогаш тоа е тој.+ Ако е некој силен во правдата — е, таков да ме бранеше пред него! 20  Кога би имал право, мојата уста би ме прогласила за зол. Кога би бил беспрекорен, тој би ме прогласил за расипан. 21  И кога би бил беспрекорен, не би ја познавал својата душа, би ми одмилеал и животот. 22  Исто е. Затоа велам: ‚И беспрекорниот и злиот тој ги доведува до нивниот крај‘.+ 23  Кога поројот ненадејно би донел смрт, тој би го исмејувал очајот на невините. 24  На земја што е предадена во рацете на злиот+ тој им ги покрива очите на нејзините судии. Ако не го прави тоа тој, тогаш кој го прави? 25  Моите денови се побрзи од гласник што трча;+ бегаат и нема да видат добро. 26  Минуваат како бродови од трска, како орел што вратоломно се спушта час таму час ваму барајќи плен.+ 27  Кога велам: ‚Ќе ја заборавам својата грижа,+ ќе го сменам изразот на лицето и ќе се разведрам‘,+ 28  ужас ме обзема од сите мои болки;+ знам дека нема да ме сметаш за невин. 29  Сигурно ќе бидам прогласен за зол. Зошто да се трудам залудно?+ 30  Кога би се измил во вода од снег, кога би си ги исчистил рацете со пепелница,+ 31  ти би ме турнал во тиња, па ќе се гнаси од мене и мојата облека. 32  Зашто, тој не е човек+ како мене за да можам да му одговорам и за да одам на суд со него. 33  Нема таков што би можел да суди меѓу нас,+ па да ја стави раката врз нас двајцата. 34  Нека го тргне својот стап од мене,+ и повеќе нека не ме плаши неговата стравотија! 35  Ќе зборувам и нема да се плашам од него, зашто јас во себе не сум таков.

Фусноти

Некои сметаат дека станува збор за Големата мечка.
Некои сметаат дека станува збор за Орион.
Некои сметаат дека станува збор за ѕвездената група Квачка во соѕвездието Бик.
Се смета дека станува збор за соѕвездијата што се наоѓаат под екваторот, на јужната хемисфера.