Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 8:1-22

8  Тогаш Вилдад од Суј+ одговори:   „До кога ќе зборуваш така?+ Зборовите од твојата уста се само силен ветар!+   Зарем Бог ја извртува правдата?+ Зарем Семоќниот ја извртува праведноста?+   Твоите синови му згрешиле нему, па затоа тој ги предава во рацете на нивниот престап.   Но, да го побараше Бога+ и да го замолеше Семоќниот за милост,   да беше чист и честит,+ тој поради тебе досега веќе ќе се разбудеше и ќе го обновеше твоето праведно живеалиште.   Твојот почеток можеби бил мал, но твојот крај подоцна ќе биде многу голем.+   Прашај ги, те молам, поранешните поколенија,+ размисли за она што го разбрале нивните татковци.+   Зашто, ние сме од вчера+ и не знаеме ништо, бидејќи нашите денови на земјата се како сенка.+ 10  Нема ли да те поучат тие, нема ли да ти кажат, нема ли да изнесат зборови од своето срце? 11  Зарем папирусната трска+ ќе порасне таму каде што нема мочуриште? Зарем трската ќе порасне таму каде што нема вода? 12  Уште додека е пупка, уште некосена, ќе се исуши пред секоја друга трева.+ 13  Такви се патиштата на секој што го заборава Бог+ — пропаѓа надежта на отпадникот+ 14  на секој чија надеж е пресечена, чија доверба е куќа пајакова.+ 15  Ќе се потпре на својата куќа, но таа нема да стои; ќе се фати за неа, но таа нема да издржи. 16  Се зеленее на сонцето, и по целата негова градина бујно растат фиданките.+ 17  Корењата му се испреплетени во грамада камења, гледа куќа од камења. 18  Ако го искорне некој од неговото живеалиште,+ тоа ќе се одрече од него и ќе рече: ‚Никогаш не сум те видел!‘+ 19  Ете, така исчезнува неговиот пат,+ а од правта никнуваат други. 20  Гледај, Бог нема да отфрли никого кој е беспрекорен и нема да ги фати за рака оние што прават зло. 21  На крајот ќе ја наполни твојата уста со смеа и твоите усни со радосни извици. 22  А оние што те мразат ќе се облечат во срам,+ и шаторите на злосторниците ќе ги нема“.

Фусноти