Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 6:1-30

6  Тогаш Јов одговори:   „О, да можеше да се измери мојата мака,+ да можеше да се стави на вага мојата неволја заедно со неа!   Зашто, сега е потешка од морскиот песок. Затоа моите зборови беа непромислени.+   Зашто, стрелите на Семоќниот се во мене,+ мојот дух+ го пие нивниот отров, Божјите стравотии се заредија против мене.+   Дали зебрата+ цвили покрај трева, мука ли бикот крај својата храна?   Се јаде ли блуткава храна без сол? Има ли вкус слузниот сок од бел слез?   Мојата душа не сака да допре ништо. Сето тоа е како болест во мојата храна.   О, кога би била услишена мојата молба и кога Бог би го исполнил она на кое се надевам!   Да тргнеше Бог против мене и да ме сотреше, да замавнеше со раката и да ме убиеше!+ 10  Дури и тоа ќе ми беше утеха, и ќе потскокнев од радост+ во своите тешки маки — иако тој не би се смилувал — зашто не ги затаив зборовите+ на Светиот.+ 11  Каква ми е силата, па да чекам?+ Каков ми е крајот, па да си го продолжам животот?* 12  Зарем ми е силата како силата на камењата? Зарем ми е телото од бакар? 13  Има ли во мене сила за да си помогнам самиот себеси? Не е ли истерана откај мене плодоносната работа? 14  Оној што го лишува од милост* својот ближен,+ ќе го отфрли и стравот од Семоќниот.+ 15  Моите браќа ме изневерија,+ како зимски порој,* како корито на зимските порои, кои пресушуваат. 16  Темни се од мразот, во нив се крие снегот. 17  Кога ќе им дојде времето, пресушуваат+ и стивнуваат; кога ќе припече, испаруваат од своето место.+ 18  Патеките на нивните патишта скршнуваат, заминуваат во пустелијата и исчезнуваат. 19  Караваните од Тема+ со очи ги бараат, поворка од Савејци+ ги чека. 20  Посрамени се бидејќи се надеваа на нив, доаѓаат до нивното место и остануваат разочарани.+ 21  Така сега и вие ништо не ми значите;+ ја гледате мојата страшна неволја, па се исплашивте.+ 22  Дали ви реков: ‚Дајте ми што и да било, подарете ми нешто од она што го имате за да ме одбраните, 23  избавете ме од раката на противникот,+ откупете ме+ од раката на насилникот‘? 24  Поучете ме, а јас ќе молчам!+ Помогнете ми да сфатам каква грешка сум направил!+ 25  Чесните зборови не болат!+ Но, кого го прекорувате со вашиот прекор?+ 26  Ги прекорува ли тој зборовите што ги смислувате вие, кога зборовите на очајникот+ и така одат во ветар?+ 27  Вие сте во состојба да фрлате ждрепка за оној што нема татко,+ да се пазарите за својот пријател!+ 28  Ајде сега, послушајте ме, и видете дали ќе ве лажам+ в лице! 29  Размислете уште еднаш, ве молам — да нема неправда; размислете уште еднаш — мојата праведност е сѐ уште тука!+ 30  Има ли неправда на мојот јазик? Зарем не сум во состојба да ја сфатам природата на* оваа неволја?

Фусноти

Буквално: „душата“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Види го додатокот 12.
Буквално: „Не ја препознава ли моето непце“.