Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 5:1-27

5  Повикај, те молам! Дали некој ќе ти се одгласи? Кому од светите* ќе му се обратиш?   Зашто, гневот ќе го убие глупавиот, а зависта ќе го усмрти поводливиот.   Јас видов како глупавиот пушта корен,+ но одеднаш почнав да го проколнувам неговото живеалиште.   Неговите синови остануваат далеку од спасението,+ ги сотираат на градската порта, а нема кој да ги избави.   Гладниот го јаде неговиот род, му го граба и месото што тој го чува за себе, и стапица го проголтува имотот на неговото семејство.   Зашто, злото не избива од правта, и неволјата не никнува од земја.   Туку човекот се раѓа за неволја, како што искрите летаат угоре.   Но, јас би му се обратил на Бог, пред Бог би го изнел својот случај;+   пред оној што прави големи дела, кои не може да се истражат, чудеса на кои им нема број;+ 10  пред оној што дава да паѓа дожд по лицето на земјата,+ испраќа води во полињата;+ 11  пред оној што ги крева на високо понижените,+ па нажалените се воздигнуваат до спасение; 12  пред оној што ги осуетува сплетките на лукавите,+ па немаат успех во она што го прават со своите раце; 13  пред оној што ги фаќа мудреците во нивното лукавство,+ па замислата на препредените се покажува непромислена,+ 14  та и дење наидуваат на мрак, пипаат на пладне како да е ноќ;+ 15  пред оној што спасува од мечот кој излегува од устата на злобниците, го спасува сиромавиот од рацете на силниот,+ 16  па бедниот добива надеж,+ а неправдата ја затвора својата уста.+ 17  Ете, среќен е човекот кого Бог го укорува!+ Не отфрлај ги опомените од Семоќниот! 18  Зашто, тој ранува, но и ја преврзува раната; крши, но со своите раце и лекува. 19  Ќе те избави од шест неволји,+ во седум од нив нема да те допре никакво зло.+ 20  Во глад ќе те откупи од смртта,+ а во војна — од мечот. 21  Ќе бидеш скриен од јазикот што бие со зборови,+ нема да се плашиш од пустошењето кога ќе дојде. 22  Ќе им се смееш на пустошењето и на гладот, нема да се плашиш од земни ѕверови. 23  Зашто, ќе бидеш во сојуз со полските камења и полскиот ѕвер ќе живее во мир со тебе.+ 24  Ќе гледаш мир во својот шатор, ќе го обиколуваш своето пасиште и ќе видиш дека твојот имот е недопрен. 25  Ќе гледаш како ти се множи потомството,+ дека твоите потомци се како тревата на земјата.+ 26  Уште ќе имаш сила кога ќе отидеш во гробот,+ како кога се собираат снопови на куп во свое време. 27  Ете, тоа го утврдивме, и така е. А ти чуј го ова и увери се дека е така!“

Фусноти

Или: „светите ангели“, според Септуагинтата.