Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 41:1-34

41  Можеш ли да го извлечеш крокодилот*+ со јадица или да му го врзеш јазикот со јаже?   Можеш ли да му провлечеш трска низ ноздрите+ или да му ги прободеш со трн челустите?   Ќе те моли ли многу или ќе ти зборува со благи зборови?   Ќе склопи ли сојуз со тебе за да го одведеш како роб засекогаш?   Можеш ли да си поиграш со него како со птица или да го врзеш за да си поиграат со него твоите девојчиња?   Ќе се спогодуваат ли луѓето за него? Ќе го разделат ли трговците?   Можеш ли со харпуни+ да му ја испрободеш кожата или со рибарски копја главата?   Ако кренеш рака на него, ќе ја запаметиш борбата! Тоа нема да ти се повтори!   Еве, залудно човек очекува дека ќе го фати. Човекот паѓа штом ќе го види. 10  Никој не е толку храбар за да го предизвика. А кој може да опстане пред мене?+ 11  Кој прв ми дал нешто, па да треба да му го вратам?+ Сѐ што е под небото е мое.+ 12  Нема да молчам за деловите на неговото тело, ни за неговата сила, ни за складната градба на неговото тело. 13  Кој може да му ја соблече облеката? Кој смее да влезе меѓу неговите челусти? 14  Кој може да ја отвори неговата огромна челуст? Застрашувачки се неговите заби што стојат наоколу. 15  Низовите од крлушки се неговата гордост, затворени се како со цврст печат. 16  Една до друга се толку прилепени што ни ветрот не може низ нив да пробие. 17  Цврсто се лепат една до друга, толку цврсто се држат што не може да се раздвојат. 18  Кога тој ќе кивне, блеснува светлина, и неговите очи се како зраци на зората. 19  Од неговата уста блескаат молњи, и летаат огнени искри. 20  Од неговите ноздри излегува дим, како од печка потпалена со рогоз. 21  Неговиот здив* потпалува јаглен, од устата му излегува пламен. 22  Силата му лежи во вратот, пред него сите бегаат од страв. 23  Наборите на неговото тело се цврсто стегнати, на него не мрдаат, како да се излеани. 24  Неговото срце е како излеано, тврдо како камен, да, тврдо како долен мелнички камен. 25  Кога ќе се подигне, и силните се уплашуваат,+ се збунуваат од ужас. 26  Кога ќе го стигне, мечот не може да се рамни со него, а ни копјето, ни сулицата, ни стрелата.+ 27  Железото+ му е како слама, бакарот како гнило дрво. 28  Стрелата не може да го избрка, камењето од праќа+ за него се како сламки. 29  И боздоганот е за него како сламка,+ тој му се смее на ѕвечкањето на копјата. 30  На стомакот како да има остри црепки, како да влече по калта вршалка за жито.+ 31  Од него длабочината врие како котел, морето се пени како мирисливо масло во котел. 32  По себе остава светла патека, па се чини како водната бездна да има седа коса. 33  Не постои ништо слично на земјата, создаден е за да не се плаши од ништо. 34  Сѐ што е високо, тој го гледа. Тој е цар над сите величествени ѕверови“.

Фусноти

Буквално: „левијатанот“.
Буквално: „душа“.