Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 40:1-24

40  Одговарајќи му на Јов, Јехова продолжи:   „Ќе се препира ли приговарачот со Семоќниот?+ Нека одговори оној што го укорува Бог!“+  Тогаш Јов му одговори на Јехова:   „Еве, мал сум пред тебе.+ Што да ти одговорам? Си ја ставам раката на уста.+   Еднаш зборував, и нема повеќе да одговарам; двапати зборував, и нема повеќе ништо да додадам“.  Тогаш Јехова му одговори на Јов од виорот:+   „Те молам, заврати си ги скутовите на облеката како човек,+ и јас ќе те прашувам, а ти поучи ме.+   Зарем ќе ја обезвредниш мојата правда? Зарем ќе ме обвиниш мене за да се оправдаш себеси?+   Зарем имаш ти рака како вистинскиот Бог?+ Можеш ли да згрмиш со глас како неговиот?+ 10  Те молам, украси се со величество+ и возвишеност,+ облечи се со достоинство+ и сјај.+ 11  Излеј го својот жесток гнев,+ погледни ги сите вообразени и понижи ги. 12  Погледни ги сите вообразени, понижи ги+ и згази ги злите таму каде што се. 13  Скриј ги сите заедно во правот,+ нивните лица заврзи ги на скришно место, 14  и јас ќе те пофалам, зашто твојата десница може да те спаси. 15  А сега гледај го нилскиот коњ,* кого јас го направив како што те направив и тебе. Јаде зелена трева+ како бик. 16  Гледај, во бутовите е неговата сила, и неговата голема јачина+ почива во неговите стомачни мускули.* 17  Ја свиткува опашката како кедар, испреплетени му се жилите на бедрата. 18  Коските му се цевки бакарни, силни му се коските како ковани железни шипки. 19  Тој е првото од Божјите дела. Само неговиот Творец+ може да го приближи својот меч до него. 20  Цели планини му го даваат својот род,+ а сите полски ѕверови си играат таму. 21  Тој почива под трнливите лотоси, на скришно место, во трски+ и во мочуриште.+ 22  Трнливите лотоси го засолнуваат со својата сенка, крајизворски тополи го опкружуваат. 23  Ако надојде реката незапирливо, тој не бега избезумено. Мирен е дури и кога Јордан+ ќе навали во неговата уста. 24  Додека тој гледа, може ли некој да го фати? Може ли некој да му го прободе носот со кука?

Фусноти

Буквално: „вехемот“.
Или: „тетиви“.