Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 4:1-21

4  Тогаш проговори Елифаз+ од Теман:   „Ако се обиде некој да ти каже некаков збор, дали ќе ти биде заморно? Но, кој може да се воздржи од зборови?   Ете, ти учеше мнозина+ и ги јакнеше слабите раце.+   Кога некој ќе се сопнеше, твоите зборови ќе го подигнеа,+ и растреперените колена ти ги зајакнуваше.+   Но, сега тоа те снајде тебе, и ти падна со духот, допре до тебе, и ти се збуни.   Не е ли твојата богобојазливост причина за твојата доверба? Зар не лежи твојата надеж во беспрекорноста+ на твоите патишта?   Сети се, те молам: дали некогаш некој загинал невин? Каде загинал некој чесен?+   Колку што видов, оние што смислуваат зло и сеат неволја, самите и си ја жнеат.+   Гинат од Божјиот здив, исчезнуваат кога се излева* неговиот гнев. 10  Се слуша рикањето на лавот и гласот на младиот лав, но им се кршат забите на младите грабливи лавови. 11  Лавот загинува бидејќи нема плен, и се разотидуваат младенчињата на лавот. 12  А мене скришно ми дојде реч, и моето уво го чу нејзиниот шепот,+ 13  во тегобните мисли при ноќните виденија, кога паѓа длабок сон врз луѓето. 14  Ме обзеде страв и трепет, низ сите мои коски ми минаа морници. 15  И некој дух ми помина по лицето, ми се наежи снагата. 16  Застана, но не му го препознав лицето. Некаков лик ми беше пред очи. Беше тишина, и тогаш зачув глас: 17  ‚Може ли смртен човек да биде поправеден од Бог? Може ли човек да биде почист од својот Творец?‘ 18  Гледај, тој не им верува на своите слуги и ги обвинува за грев своите гласници,* 19  а тогаш, како ли гледа на оние што живеат во глинени куќи, чијшто темел е во правта!+ Можат да бидат здробени побрзо и од молец. 20  Од утро до вечер се претвораат во прав, и никој не го става на срце тоа што тие исчезнуваат засекогаш. 21  Зарем не е извлечено јажето на нивниот шатор? Умираат, зашто немаат мудрост.

Фусноти

Буквално: „од духот на“.
Или: „ангели“.