Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 39:1-30

39  Знаеш ли кога им е времето на планинските кози да се окозат+ по карпите? Набљудуваш ли кога срните во болки ги раѓаат младенчињата?+   Ги броиш ли месеците* додека носат и знаеш ли кога е времето да се породат?   Се свиткуваат тогаш кога ги раѓаат младенчињата, кога се ослободуваат од болките.   Младенчињата зајакнуваат, растат во полето, заминуваат и не се враќаат кај нив.   Кој ја пуштил зебрата+ на слобода и кој му ја разврзал врвката на дивото магаре,   чија куќа ја подигнав во пустелијата, и чие живеалиште го подигнав во солениот крај?+   Тоа ѝ се смее на градската врева, не го слуша викањето на оној што сака да го фати.+   Пребарува по планините за да најде нешто за пасење+ и бара секакви зелени растенија.+   Ќе сака ли дивиот бик да ти служи+ и ќе сака ли да ја помине ноќта крај твоите јасли? 10  Ќе го врзеш ли со јажиња дивиот бик за бразда и ќе сака ли да ги браносува+ нивите по тебе? 11  Ќе имаш ли доверба во него затоа што му е голема силата и ќе му ја препуштиш ли својата работа? 12  Ќе имаш ли доверба во него дека ќе ти го собере житото и дека ќе ти го дотера на гумно? 13  Мавта ли женката на нојот радосно со крилјата и има ли таа пердуви за летање и други пердуви какви што има штркот?+ 14  На земја ги остава јајцата, во правот ги грее, 15  и заборава дека може нечија нога да ги здроби или некоја полска ѕверка да ги згази. 16  Со своите пилци постапува немилосрдно, како да не се нејзини.+ Залуден ќе биде нејзиниот труд ако не трепери над нив. 17  Зашто, Бог ѝ дал да ја заборави мудроста и не ја надарил со разборитост.+ 18  А кога ќе замавне високо со крилјата, му се смее на коњот и на неговиот јавач. 19  Можеш ли да му дадеш сила на коњот?+ Можеш ли да му го облечеш вратот со лелеава грива? 20  Можеш ли да направиш да скока како скакулец? Застрашувачко е неговото горделиво фучење.+ 21  Со копитото удира+ по рамницата и целиот се растреперил од својата сила, се нафрла на оружје.+ 22  Му се смее на стравот и не се плаши,+ и пред меч не се повлекува. 23  Над него ѕвечи тулот, сечилото на копјето и на сулицата. 24  Со топот, полн со немир, тој ги голта пространствата, и од радост не може да поверува дека го слуша звукот на рогот. 25  Штом ќе се огласи рогот, тој за’ржува: ‚Иха!‘ Оддалеку ги намирисува битката, викањето на заповедниците и воените извици.+ 26  Зар поради твојата мудрост се вивнува соколот во височина и ги шири крилјата кон јужниот ветар? 27  Зар на твоја наредба се крева орелот+ нагоре и го вие своето гнездо на високо,+ 28  па на стрмна карпа живее и ноќева, на врвот од стрмна карпа, на непристапно место? 29  Оттаму бара храна,+ неговите очи гледаат далеку. 30  Неговите пилци пијат крв. Каде што има трупови, таму е и тој“.+

Фусноти

Или: „лунарните месеци“. Спореди го додатокот 14.