Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 38:1-41

38  Тогаш Јехова му одговори на Јов од виорот:+   „Кој е тој што ја замрачува Божјата намера со зборови во кои нема знаење?+   Те молам, заврати си ги скутовите на облеката како човек и пушти ме да те прашувам, а ти поучи ме.+   Каде беше ти кога ѝ ги поставив темелите на земјата?+ Кажи ми, ако го разбираш тоа!   Знаеш ли кој ѝ ги одреди мерките и кој го растегна над неа мерното јаже?   Во што се вглавени нејзините подножја+ и кој ѝ го положи аголниот камен   додека утринските ѕвезди+ радосно извикуваа заедно и сите Божји синови*+ воскликнуваа од радост?   Кој го затвори морето со врати,+ кога навре како од мајчина утроба,   кога го облеков со облак и го повив со густа темнина, 10  кога му одредив граница и му ставив врати со резиња,+ 11  и реков: ‚Довде можеш да доаѓаш, но не подалеку!+ Тука ќе им биде границата на твоите горди бранови‘.+ 12  Си му дал ли некогаш во животот заповед на утрото да осамне?+ Си ѝ го покажал ли на зората нејзиното место, 13  да ја фати земјата за краевите и да ги истресе злобните од неа?+ 14  Тогаш земјата се преобразува како глина+ под печат, а она што е на неа го добива својот изглед, како да се облекува. 15  Злите се лишени од нивната светлина+ и им се крши подигнатата рака.+ 16  Дали си допрел до изворите на морето и дали си ја истражувал некогаш водната бездна?+ 17  Дали ти се покажала вратата на смртта?+ Можеш ли да ја видиш вратата на густата темнина?+ 18  Дали успеал твојот ум да ги запознае пространствата на земјата?+ Кажи, ако го знаеш сето тоа! 19  Кој пат води до живеалиштето на светлината,+ и каде е живеалиштето на темнината, 20  па да ги однесеш до нивната меѓа и да ги запознаеш патиштата што водат до нивната куќа? 21  Го знаеш ли тоа? Дали можеби си се родил тогаш,+ па твоите денови се многубројни? 22  Си влегол ли во ризниците на снегот+ и си ги видел ли ризниците на градот,+ 23  кои ги чувам за времето на неволјата, за денот на битката и војната?+ 24  По кој пат се шири светлината и се разнесува источниот ветар+ по земјата? 25  Кој ги насочува поројните дождови и му го одредува патот на громовниот буроносен облак,+ 26  за да паѓа дожд на земјата каде што нема човек,+ на пустелија во која нема земен човек, 27  за да ги напои пустите краишта погодени од бура, да даде да никне трева?+ 28  Има ли дождот татко?+ Кој ги родил капките роса?+ 29  Од чија утроба излегува ледот и кој го раѓа небесниот мраз?+ 30  Водите се кријат како под камен, површината на водната бездна станува цврста.+ 31  Можеш ли да му ги заврзеш врските на соѕвездието Кима* или да му ги разврзеш јажињата на соѕвездието Кесил?*+ 32  Можеш ли да го изведеш во право време соѕвездието Мазарот и да го водиш соѕвездието Аш* со неговите синови? 33  Ги познаваш ли законите што управуваат со небото+ и можеш ли да им дадеш власт над земјата? 34  Можеш ли со својот глас да им довикнеш на облаците, па да те покријат надојдените води?+ 35  Можеш ли да ги испратиш молњите да отидат и да ти кажат: ‚Еве нѐ‘? 36  Кој ставил мудрост+ во облаците и кој им дал разбирање+ на небесните појави? 37  Кој може со својата мудрост да ги преброи облаците или да ги преврти небесните ќупови,+ 38  па земниот прав да стане како растопена маса и грутките земја да се слепат? 39  Можеш ли на лавот да му ловиш плен и на младите лавови+ да им го заситиш големиот глад 40  кога демнат во скривалиштата+ или лежат во заседа во честакот? 41  Кој му приготвува храна на гавранот+ кога неговите пилци викаат кон Бог за помош, кога талкаат затоа што немаат што да јадат?

Фусноти

Или: „ангели“, според Септуагинтата.
Види ја фуснотата за изразот „соѕвездието Кима“ во Јов 9:9.
Види ја фуснотата за изразот „соѕвездието Кесил“ во Јов 9:9.
Види ја фуснотата за изразот „соѕвездието Аш“ во Јов 9:9.