Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 37:1-24

37  Навистина, од тоа ми затреперува срцето+ и ми искокнува од местото.   Слушајте го добро грмежот на неговиот глас+ и татнежот што му излегува од устата.   Преку целото небо го пушта, и неговата молња+ заминува до краиштата на земјата.   Зад неа глас одекнува, Тој грми+ со величествен глас,+ и не ја запира кога ќе се чуе неговиот глас.+   Бог грми чудесно со својот глас,+ и прави големи работи, кои не можеме да ги сфатиме.+   Зашто, на снегот му вели: ‚Падни на земјата!‘+ а и на поројниот дожд, на своите обилни поројни дождови.+   Му ја запечатува раката на секој земен човек за секој смртен човек да го запознае неговото дело.   Ѕверот влегува во засолниште и живее во своите скривалишта.+   Од одаите+ излегува бурниот ветар, а северните ветрови донесуваат студ.+ 10  Од Божјиот здив настанува мраз+ и водната површина се стега.+ 11  Да, со влага го товари облакот, Неговата светлина+ ги распрснува облаците, 12  па кружат како тој што ги води, за да ја завршат својата работа секаде над лицето на земната плодна почва каде што тој ќе им заповеда.+ 13  Со нивна помош тој казнува,+ ја натопува својата почва+ или ја покажува својата милост.*+ 14  Слушни го ова, Јове, застани и размисли за Божјите чудесни дела.+ 15  Знаеш ли кога им заповеда Бог што да прават+ и кога предизвика да засвети светлината на неговиот облак? 16  Знаеш ли како пловат облаците,+ ги познаваш ли чудесните дела на оној што има совршено знаење?+ 17  Како ти се стоплува облеката кога ќе се успокои земјата од јужниот ветар?+ 18  Можеш ли заедно со него да ги исковаш небесата,+ цврсти како излеано огледало? 19  Советувај нѐ што да му кажеме. Поради темнината, ни недостасуваат зборови. 20  Ќе му јави ли некој на Бог дека сакам да зборувам? Ќе го извести ли некој човек за тоа?+ 21  Сега луѓето не гледаат светлина на облачното небо, но таа блеснува на небото кога ќе помине ветрот и ќе го исчисти. 22  Од север доаѓа златен сјај. Божјето величество+ влева страв. 23  Семоќниот не можеме да го сфатиме.+ Тој е возвишен во својата сила.+ Правдата+ и големата праведност+ тој нема да ги омаловажи.+ 24  Затоа луѓето нека се бојат од него!+ Нему не му се важни оние чие сопствено срце ги уверува дека се мудри“.+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.