Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 36:1-33

36  Потоа Елиу рече:   „Биди стрплив уште малку со мене, и јас ќе ти покажам дека треба уште нешто да се каже за Бог.   Опширно ќе го изнесам своето знаење и ќе покажам дека мојот Творец е праведен.+   Зашто, моите зборови навистина не се лага. Со тебе е Оној што има совршено знаење.+   Гледај, Бог е моќен+ и тој нема да отфрли човек, силен е во разборитоста на своето срце.   Нема да го остави жив злобниот,+ туку ќе им даде правда на страдалниците.+   Тој нема да го тргне погледот од праведникот,+ ќе постави цареви на престолот+ засекогаш, и ќе бидат возвишени.   Ако луѓето се врзани со синџири,+ јажињата на неволјата ќе ги ограничуваат.   Тогаш тој ќе им ги спомне нивните дела и нивните престапи, затоа што се вообразени. 10  Увото ќе им се отвори за да ја чујат опомената+ и ќе им каже да се одвратат од зло.+ 11  Ако послушаат и ако почнат да му служат, нивните денови ќе завршат во добро и нивните години во задоволство.+ 12  Но, ако не послушаат, ќе умрат+ од стрела+ без да научат нешто. 13  А оние што имаат отпадничко срце, ќе натрупуваат гнев.+ Нема да молат за помош кога тој ќе ги врзе. 14  Нивната душа ќе умре во младоста,+ животот ќе им згасне меѓу машките храмски блудници.+ 15  А тој ќе го избави страдалникот од неговата неволја и ќе му го отвори увото кога е во мака, за да го поучи. 16  Ќе те избави од устата на неволјата!+ Наместо во неа да бидеш стеснет, ќе бидеш на пространо место,+ и на твојата трпеза ќе има изобилство+ утеха. 17  Ќе се нагледаш на пресудите што ги добиваат злите;+ пресудата и правдата ќе се поддржат. 18  Затоа внимавај бесот+ да не те наведе да плескаш со рацете пакосно и големата откупнина+ нека не те заведе. 19  Ќе биде ли услишен твојот повик за помош?+ Не, нема да те избави од неволјата дури ни целиот твој голем труд.+ 20  Не воздивнувај за ноќта, кога луѓето заминуваат на починка. 21  Внимавај да не скршнеш во зло,+ зашто си го одбрал него наместо неволјата.+ 22  Гледај, Бог постапува возвишено во својата сила! Има ли учител како него? 23  Кој го повикал на одговорност поради неговите дела+ и кој му рекол: ‚Си постапил неправедно‘?+ 24  Сети се дека треба да ги величаш неговите дела+ за кои пеат+ луѓето. 25  Целиот човечки род ги набљудува, смртниот човек оддалеку ги гледа.+ 26  Гледај, Бог е многу повозвишен отколку што можеме да сфатиме,+ не може да се истражи бројот на неговите години.+ 27  Зашто, тој ги црпи капките вода во висините,+ па тие се цедат одозгора како дожд и како негова магла, 28  и тогаш облаците капат,+ се излеваат врз луѓето изобилно. 29  Навистина, кој може да ги разбере посланите облаци, татнежот од неговиот шатор?+ 30  Гледај, над него ја распростира својата светлина+ и го покрива морското дно. 31  Со тоа тој ги брани народите,+ и дава храна во изобилство.+ 32  Во своите раце ја крие молњата и ѝ заповеда да го удри напаѓачот.+ 33  Неговиот татнеж+ раскажува за него, а и стоката — за оној што доаѓа над нив.

Фусноти