Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 35:1-16

35  Елиу продолжи и рече:   „Тоа ли го сметаш ти за правда? Рече: ‚Мојата праведност е поголема од Божјата‘.+   И велиш: ‚Од каква полза ти е таа?+ Ми вреди ли таа повеќе отколку гревот?‘+   Јас ќе ви одговорам тебе и на твоите пријатели+ што се со тебе.   Погледни го небото+ и види, гледај ги облаците+ — колку се повисоко од тебе!   Ако грешиш, ќе му наштетиш ли со тоа?+ Ако се множат твоите бунтовнички престапи, ќе му напакостиш ли со нив?   А ако си праведен, што му даваш со тоа и што прима тој од твојата рака?+   Твојата злоба може да му напакости само на човек како што си ти,+ а твојата правда може да му помогне на земниот човек.+   Поради големото угнетување, тие викаат за помош,+ викаат за помош затоа што ги притиска раката на моќните.+ 10  Но никој не вели: ‚Каде е Бог, мојот Величествен Творец,+ оној што ја исполнува ноќта со песна?‘+ 11  Тој нѐ учи+ нас повеќе отколку земните животни+ и нѐ прави помудри од небесните птици. 12  Тие викаат за помош, но тој не одговара,+ поради гордоста+ на злите луѓе. 13  Но Бог не слуша невистина,+ Семоќниот не го свртува погледот кон неа.+ 14  И зар ќе го стори тоа тогаш кога велиш дека не го гледаш!+ Парницата е пред него, затоа чекај го нетрпеливо.+ 15  А бидејќи во својот гнев не те повика на одговорност,+ не обрнува внимание на оваа твоја крајна непромисленост.+ 16  Јов залудно ја отвора устата, нема знаење, а натрупува зборови“.+

Фусноти