Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 34:1-37

34  Елиу продолжи и рече:   „Слушајте ги моите зборови, вие мудри луѓе, чујте ме, вие умни луѓе!   Зашто, увото ги испитува зборовите+ како што непцето ја вкусува храната.+   Сами да се увериме што е исправно, заедно да дознаеме што е добро.   Зашто, Јов рече: ‚Јас сум праведен,+ но Бог ме лиши од правдата.+   Зарем ќе лажам за правдата што ја заслужувам? Мојата болна рана е неизлечлива, иако немам престап‘.+   Постои ли човек како што е Јов,+ кој го пие исмејувањето како вода?+   На пат е да им се придружи на злосторниците и да оди со злобните.+   Зашто, рече: ‚Човек нема полза+ од тоа што го сака Бог‘. 10  Затоа послушајте ме, луѓе со разборито срце!+ Не е можно вистинскиот Бог да прави зло,+ Семоќниот да постапува неправедно!+ 11  Зашто, тој му плаќа на земниот човек според неговите дела,+ му дава на човекот според неговото поведение. 12  Навистина, Бог не прави зло,+ Семоќниот не ја извртува правдата.+ 13  Кој му ја доверил нему земјата? Кој му го предал целиот свет?* 14  Ако го насочи кон некого своето внимание и ако го прибере кај себе неговиот дух и неговиот здив,+ 15  ќе издивне секое тело, и земниот човек ќе се врати во прав.+ 16  Затоа, ако си разборит, слушни го ова, приклони го увото кон моите зборови. 17  Навистина, зар ќе владее некој што ја мрази правдата?+ Ако е праведен моќникот, зар ќе го прогласиш за зол?+ 18  Зарем некој ќе му рече на царот: ‚Никаквецу‘? Или на достоинствениците: ‚Злобници‘?+ 19  Бог не е пристрасен кон кнезовите и не му придава поголема важност на достоинственикот отколку на сиромавиот,+ зашто сите тие се дело на неговите раце.+ 20  Умираат за миг,+ среде ноќта.+ Луѓе се стресуваат и гинат, моќни луѓе заминуваат, без да ги допре човечка рака.+ 21  Зашто, неговите очи се насочени кон човековите патишта,+ сите негови чекори тој ги гледа. 22  Нема мрак ни густа темнина каде што би можеле да се скријат злосторниците.+ 23  Зашто, Бог не треба да го одредува времето за човек да дојде пред него на суд. 24  Без истрага тој ги сотрува моќните+ и подига други на нивно место.+ 25  И така, тој ги знае нивните дела+ ги соборува ноќе, и тие се згазени.+ 26  Ги удира како злосторници на место каде што другите можат да ги видат,+ 27  зашто отстапија од него+ и не им е грижа за ниту еден негов пат,+ 28  па поради нив викањето на сиромавиот стигнува до него, зашто, тој го слуша викањето на оние што се во неволја.+ 29  Кога тој ќе донесе олеснување, кој може да го осуди? Кога ќе го сврти своето лице,+ кој може да го види? Сеедно е дали ќе го скрие од целиот народ+ или од еден човек. 30  Сето тоа Бог го прави за да не владее човек отпадник+ и да нема замки+ за народот. 31  Зашто, некој зарем ќе му рече на Бог: ‚Трпам, иако не правам зло.+ 32  Поучи ме за она што самиот не го гледам! Ако сум направил некаква неправда, нема повторно да ја направам‘.+ 33  Зар Бог ќе ти даде отштета за сето тоа, како што си замислил ти, иако ги отфрлаш неговите пресуди? Изборот е твој, а не мој. Кажи го она што го знаеш! 34  Луѓе со разборито срце+ и мудар човек што ме слуша ќе ми речат: 35  ‚Јов зборува, но нема знаење,+ во неговите зборови нема разборитост‘. 36  Татко мој, нека биде Јов искушан до крај за зборовите што ги даде како одговор меѓу зли луѓе.+ 37  Зашто, на својот грев тој уште додава побуна,+ меѓу нас тој со подбив плеска со рацете и ги натрупува своите зборови против вистинскиот Бог.“+

Фусноти

Буквално: „плодно тло“.