Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 33:1-33

33  Значи, те молам, Јове, чуј ги моите зборови и слушни сѐ што имам да ти кажам!   Те молам, погледни. Ја отворам устата, мојот јазик и моето непце+ сега ќе зборуваат.   Моите зборови доаѓаат од справедливоста на моето срце,+ моите усни искрено изнесуваат мудрост.+   Божјиот дух ме направи,+ и духот на Семоќниот ми даде живот.+   Ако можеш, одговори ми, нанижи ги зборовите пред мене, подготви се да ми се спротивставиш!   Еве, пред вистинскиот Бог јас сум ист како тебе,+ и јас сум направен од глина.+   Еве, во мене нема ништо што би те плашело, тежината на моите зборови+ нема да те сотре.   Но со свои уши те чув, и уште го слушам звукот на овие твои зборови:   ‚Јас сум чист и немам никаков грев.+ Чист сум и нема вина врз мене.+ 10  Ете, Бог бара можност да ми се спротивстави, ме смета за свој непријател.+ 11  Нозете ми ги става во клада,+ внимава на сите мои патеки‘.+ 12  Еве, во тоа немаш право,+ ти велам, зашто Бог е многу поголем од смртниот човек.+ 13  Зошто се препираш со него?+ Зар затоа што не одговара на сите твои зборови?+ 14  Бог зборува еднаш и двапати+ — иако човекот не му обрнува внимание на тоа — 15  на сон,+ во ноќно видение,+ кога луѓето тонат во длабок сон, додека дремат на постела.+ 16  Тогаш тој им ги отвора ушите на луѓето+ и им дава впечатлива опомена, 17  за да го одврати човекот од неговите дела,+ за да го зачува човекот од гордост.+ 18  Ја чува неговата душа од јамата,+ му го чува животот за да не го убие стрела.+ 19  И го укоруваат болките на неговата постела, не престанува немирот во неговите коски. 20  Поради страдањата што ги доживува, јадењето му стана одвратно,+ поради страдањата на неговата душа, му стана одвратна и вкусната храна. 21  Телото му се распаѓа пред очи, а коските, кои претходно не се гледаа, сега оголеа. 22  Душата негова се приближува кон јамата+ и неговиот живот се приближува до убијците. 23  Ако се најде гласник за него, застапник, еден во илјада, за да му разјасни на човекот што е исправно, 24  тогаш тој ќе му се смилува и ќе рече: ‚Избави го за да не отиде во јамата.+ Најдов откупнина+ за него! 25  Неговото тело нека стане посвежо отколку во младоста,+ нека се врати во деновите на својата младешка сила!‘+ 26  Ќе го моли Бог да му покаже наклоност+ и ќе го гледа неговото лице извикувајќи радосно, и тој ќе му ја врати својата праведност на смртниот човек. 27  А тој ќе им пее на луѓето и ќе рече: ‚Згрешив+ и го извртев она што е право, а тоа не беше добро за мене. 28  Ја откупи мојата душа за да не отиде во јамата,+ и мојот живот ќе ја гледа светлината‘. 29  Еве, сето тоа го прави Бог, двапати, трипати, за човекот, 30  за да ја избави неговата душа од јамата,+ за да го осветли со светлината на живите.+ 31  Внимавај, Јове! Слушај ме! Молчи, а јас уште ќе зборувам. 32  Ако имаш што да кажеш, одговори ми! Зборувај, зашто уживам во твојата праведност. 33  А ако немаш, тогаш ти слушај ме мене.+ Молчи, и ќе те научам на мудрост.“

Фусноти