Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 30:1-31

30  А сега луѓето ми се смеат,+ оние што се помлади од мене,+ чиишто татковци не би ги ставил ни со кучињата од моето стадо.   Од каква корист би ми била силата на нивните раце? Во нив нема јачина.+   Премалени се од немаштија и од глад, го глодаат она што ќе го најдат во безводната земја,+ која вчера ја зафатија невреме и пустош.   Берат солени билки меѓу грмушките, коренот од метлика им е храна.   Луѓето ги протеруваат од својата заедница,+ викаат по нив како по крадци.   Мораат да живеат на падините крај речната долина, во земните јами и меѓу карпите.   Викаат меѓу грмушките, клечат под копривите.   Тоа се синови на безумникот,+ синови на безимениот, кои со камшик беа протерувани од земјата.   А сега таквите зборуваат за мене во своите песни,+ сега ми се подбиваат.+ 10  Се гадат од мене, се држат подалеку од мене,+ не се стеснуваат да ми плукнат в лице.+ 11  Зашто, тој го отпушти мојот лак и ме понижи, а тие ми се нафрлија незауздано. 12  Од мојата десна страна стануваат како легло злосторничко, ги пуштаат моите нозе да си одат, а потоа погубни бедеми ми поставуваат.+ 13  Ги раскопуваат моите патеки, само ми ја отежнуваат неволјата,+ и не им е потребен помошник во тоа. 14  Како низ широк процеп тие навираат, со невремето надоаѓаат. 15  Ненадејни стравотии се свртуваат против мене, моето достоинство како ветар да го однесува, како облак исчезна моето спасение. 16  И сега мојата душа како вода истечува од мене,+ деновите на неволја+ ме стигнуваат. 17  Ноќе, болка ми ги прободува коските,+ како да се кинат од мене, не се смируваат болките што ме глодаат.+ 18  Од големата силина се менуваат моите алишта, ме обвиткува како јаката на мојата облека. 19  Тој ме фрли во глина, па станав како прав и пепел. 20  Кон тебе викам за помош, но ти не ми одговараш;+ стојам за да ме погледнеш. 21  Се промени и стана свиреп кон мене,+ со сета сила на својата рака ме напаѓаш како непријател. 22  Ме подигаш во ветрот за да го јавнам, а потоа со тресок ме разбиваш. 23  Да, добро знам дека ќе ме вратиш во смртта,+ во куќата каде што заминуваат сите живи. 24  Но никој не крева рака на оваа урнатина,+ и додека јас пропаѓам, никој не вика за помош. 25  А јас плачев над оној што доживуваше тешки денови,+ мојата душа го сожалуваше сиромавиот.+ 26  Очекував добро, а дојде зло,+ чекав светлина, а дојде мрак. 27  Мојата утроба зовре и се вознемири, се соочив со денови на неволја. 28  Одев тажен+ кога немаше сонце. Станав на собирот,* барав помош. 29  На шакалите им станав брат, на ќерките на нојот — другар.+ 30  Кожата ми поцрне и отпаѓа од мене,+ коските ми се вжарија од сувост. 31  Сега мојата харфа свири само тажачки, на мојот кавал му останаа само плачни гласови.

Фусноти

Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.