Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 3:1-26

3  Потоа Јов ја отвори устата и почна да го проколнува денот кога се родил.+  Јов рече:   „Да го немаше денот во кој се родив+ и ноќта во која рекоа: ‚Се зачна човек!‘   Да се претвори во темнина тој ден! Да не погледне Бог на него одозгора, да не го осветли светлината на денот!   Да го проголтаат мракот и густата темнина! Да се надвие над него дождлив облак! Да го застрашува она што го помрачува денот!+   Мракот да ја земе таа ноќ,+ да не се радува меѓу дните на годината, да не се вброи во месеците!*   Бесплодна да биде таа ноќ, да не се чујат во неа радосни извици!+   Да го проколнат тој ден оние што проколнуваат денови, кои би го разбудиле и левијатанот!*+   Да потемнат ѕвездите на нејзиното разденување, да чека светлина и да не ја дочека, и да не ги види зраците на зората, 10  зашто не ја затвори вратата од утробата+ на мајка ми и не ми ја скри неволјата од пред очи! 11  Зошто не умрев уште во утробата на мајка ми?+ Зошто не издивнав излегувајќи од нејзината утроба? 12  Зошто ме прифатија колената и градите+ за да цицам? 13  Сега ќе лежев и ќе бев во мир,+ ќе спиев, ќе почивав+ 14  со царевите и со советниците на земјата,+ кои градат за себе места,+ сега лежат во урнатини, 15  или со кнезовите што имаа злато, кои ги полнат своите куќи со сребро, 16  или ќе ме немаше како скриен пометнат плод,+ како деца што не виделе светлина.+ 17  Таму злите престануваат да беснеат,+ таму почиваат оние што ги напуштила силата.+ 18  Таму сите затвореници се во мир, не го слушаат гласот на оној што ги тера на работа.+ 19  Таму малиот и големиот се исти,+ робот е слободен од својот господар. 20  Зошто му дава Бог светлина на страдалникот и им дарува живот на оние што имаат горчина во душата?+ 21  Зошто чекаат смрт, а неа ја нема,+ иако ја бараат повеќе отколку скриено богатство? 22  Оние што ликуваат од веселба се радуваат што нашле гроб. 23  Зошто му дава Бог светлина на човекот кому патот му е скриен,+ кому патот од сите страни му го заградил?+ 24  Пред моето јадење, доаѓа мојата воздишка,+ и како вода се разлеваат моите крикови,+ 25  оти ужасот кој ме плашеше, ме снаоѓа, она од кое се плашев доаѓа врз мене.+ 26  Уште сега не сум безгрижен и немам мир, и не почивам, а мојот немир и понатаму доаѓа“.

Фусноти

Или: „лунарните месеци“. Спореди го додатокот 14.
Изразот најверојатно се однесува на крокодилот или на некое големо морско животно.