Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 29:1-25

29  Тогаш Јов пак го започна својот мудар говор,* и рече:   „Кога барем би бил како во некогашните месеци,*+ како во деновите кога ме чуваше Бог,+   кога ми светеше над глава со својата светилка и кога неговата светлина ме водеше низ темнината,+   како што ми беше во деновите на мојата младешка сила,+ кога блиското пријателство со Бог престојуваше во мојот шатор,+   кога Семоќниот уште беше со мене и кога моите слуги беа насекаде околу мене!   Тогаш моите чекори се капеа во маст, од карпа ми течеше масло.+   Кога излегував на градската порта,+ својот стол го поставував на плоштадот.+   Момчињата се тргаа кога ќе ме видеа, дури и старците стануваа и остануваа да стојат.+   Кнезовите престануваа да зборуваат, ќе ја ставеа раката на уста.+ 10  Гласот на водачите тогаш ќе се скриеше, јазикот за непце ќе им се залепеше.+ 11  Зашто, увото што ме слушаше, ме нарекуваше среќен и окото што ме гледаше, сведочеше пофално за мене. 12  Зашто, го избавував страдалникот кога викаше за помош,+ детето без татко и секој што немаше помошник.+ 13  Благословот+ на оној што пропаѓаше, доаѓаше на мене, го развеселував срцето на вдовицата.+ 14  Се облекував во праведност, таа ми беше облека.+ Мојата правда беше како наметка, како турбан. 15  Му бев очи на слепиот+ и нозе на куциот. 16  Им бев татко на сиромашните,+ совесно ја разрешував парницата на оној што ми беше непознат.+ 17  На злосторникот му ги кршев челустите,+ му го истргнував пленот од забите. 18  Велев: ‚Ќе издивнам во своето гнездо,+ моите дни ќе се намножат како песок.+ 19  Мојот корен се протега до водите,+ росата ноќе останува на мојата гранка. 20  Ми се обновува славата, лакот во мојата рака фрла стрели‘. 21  Мене ме слушаа, и чекаа, молчеа за да го чујат мојот совет.+ 22  По мојот збор никој повеќе не кажуваше ништо, мојот збор росеше врз нив.+ 23  Ме чекаа како што се чека дожд,+ устата своја ширум ја отвораа како за пролетен пороен дожд.+ 24  Кога ќе им се насмевнев, не можеа да веруваат дека го правам тоа, озареноста на моето лице+ не можеа да ја угаснат. 25  Им кажував по кој пат да одат, седев како поглавар, живеев како цар меѓу својата војска,+ како тешител на тажните.+

Фусноти

Или: „пословични (мудри) зборови“.
Или: „лунарни месеци“. Спореди го додатокот 14.