Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 28:1-28

28  Да, среброто има свое наоѓалиште и златото место каде што се пречистува.+   Железото се вади од правот,+ бакарот се лее од камен.   Човекот ѝ постави граница на темнината, и бара камења на сите краишта од рудниците+ во мрак и во густа темнина.   Копа јами далеку од местата каде што живеат луѓе,+ на заборавени места, каде што нога човечка не стапнува. Таму некои од смртните луѓе висат, нишајќи се.   Од земјата излегува храна,+ а под неа сѐ е раскопано, како со оган разорено.   Во нејзините камења почиваат сафирите,+ таа во себе има златен прав.   Патот до таму не го знае ниту една птица грабливка,+ и окото на мрката луња+ никогаш не го видело.   Горделиви ѕверови не газеле по него, млад лав никогаш не поминал по него.   Човек посегнува со раката по кремен, планини превртува од корен, 10  во карпи прокопува јами што се полнат со вода+ и неговото око гледа сѐ што е скапоцено. 11  Ги затвора местата каде што продира вода,+ го изнесува на виделина она што е скриено. 12  Но, каде може да се најде мудроста?+ На кое место престојува разборитоста?* 13  Смртниот човек не ја познава нејзината вредност,+ таа не се наоѓа во земјата на живите. 14  Водната бездна вели: ‚Не е во мене!‘ Морето вели: ‚Не е кај мене!‘+ 15  Не може да се добие ни за чисто злато,+ нејзината цена не може да се измери со сребро. 16  Не може да се плати со офирско злато,+ ни со ретки камења — со оникс и со сафир. 17  Златото и стаклото не можат да се споредат со неа, и не може да се добие ни во замена за сад од чисто злато. 18  Коралите+ и горските кристали не вреди ни да се спомнат, а вреќа мудрост вреди повеќе од вреќа бисери.+ 19  Топазот+ од Хус не ѝ е рамен, со најчистото злато не може да се плати. 20  Но, од каде доаѓа мудроста?+ Каде е местото на кое престојува разборитоста? 21  Скриена е од очите на сите живи,+ засолнета е од птиците небесни. 22  Пропаста и смртта велат: ‚Со свои уши чувме дека се зборува за неа‘. 23  Бог е оној што го разбира нејзиниот пат,+ тој знае каде е местото на кое престојува таа, 24  зашто неговиот поглед стигнува до сите земни краишта,+ тој гледа сѐ под небото 25  за да му ја одреди тежината на ветрот+ и со мера да ги измери водите.+ 26  Кога му го одреди законот на дождот+ и патот на громовниот облак во бура, 27  тогаш ја виде мудроста и почна да зборува за неа, ја подготви и ја истражи. 28  И му рече на човекот: ‚Гледај, стравот од Јехова — тоа е мудрост!+ Да се одбегнува злото — тоа е разборитост!‘ “+

Фусноти

Види ја фуснотата за Из 3:5.