Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Јов 27:1-23

27  Тогаш Јов повторно го започна својот мудар говор,*+ и рече:   „Како што е жив Бог,+ кој ме лиши од правдата,+ како што е жив Семоќниот, кој ја огорчи душата моја,+   сѐ додека мојот здив е уште целиот во мене и Божјиот дух во моите ноздри,+   моите усни нема да изустат неправда и мојот јазик нема да изговори измама!   Во никој случај не можам да ве прогласам за праведни!+ Сѐ додека дишам, нема да отстапам од својата непорочност!*+   Се држам за својата праведност, и нема да ја оставам.+ Моето срце нема да ме прекорува за ниту еден мој ден.+   Мојот непријател нека се покаже зол,+ и нека биде злосторник оној што станува против мене!   Зашто, на што може да се надева отпадникот ако е отстранет од Бог,+ ако тој му го земе животот?*+   Ќе го чуе ли Бог неговото викање ако дојде неволја врз него?+ 10  Ќе биде ли Семоќниот негова радост? Ќе го повикува ли Бог во секое време? 11  Ќе ве поучам со Божјата рака, помислите на Семоќниот нема да ви ги кријам.+ 12  Ете, сите вие имавте виденија, па тогаш зошто сте толку празни?+ 13  Така ќе помине злиот човек кај Бог,+ такво наследство ќе добијат насилниците од Семоќниот. 14  Ако се многубројни неговите синови, меч ќе ги чека,+ неговите потомци ќе немаат доволно леб. 15  Смртоносна зараза ќе ги закопа оние што ќе преживеат, а нивните вдовици нема да ги оплакуваат.+ 16  И да натрупа сребро како прав, и да насобере облека како кал, 17  нека ја насобере, но праведникот ќе ја облече,+ и од неговото сребро ќе добие невиниот човек. 18  Како молец си изградил куќа, таа е како сеница+ што чуварот си ја гради за себе. 19  Во богатство ќе легне, но не ќе пожнее никаков род од него. Кога ќе ги отвори очите, ништо повеќе не ќе има.+ 20  Ненадејни ужаси ќе го стигнат како води.+ Штом ќе падне ноќ, виор ќе го грабне и ќе го однесе. 21  Ќе го земе источен ветар,+ и тој ќе замине, ќе го дувне од неговото место.+ 22  Ќе се нафрли врз него без милост,+ а тој ќе се обиде да побегне+ од неговата рака. 23  Луѓето подбивно ќе му плескаат со рацете+ и зачудено ќе свиркаат+ по него од неговото место.

Фусноти

Или: „пословични (мудри) зборови“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Буквално: „душата“.